Автор Тема: Прашања и одговори.  (Прочитано 2863742 пати)

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6425
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14550 на: 16 Мај 2025, 15:08:52 pm »
За шо ги користи овие во џимнито за првата помош да не се тркала ?,80 литри е багажникот :D
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Zamisli

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 31
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14551 на: 18 Мај 2025, 09:11:14 am »
Сменет осигурач на диск плочка и сега е ок
Плочка откачена(провери дискот во каква состојба е),ако е здрав барај визуелно,осовина и сл.
Ако нема визуелно ништо,лагер.

Отсутен spiritBreaker

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 56
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14552 на: 18 Мај 2025, 10:03:52 am »
Дечки, прашање: Форд фиеста 1.4i 82 коња 2005та год, на притискање на кумплунг се слуша тропање од кај моторот, ако е вон брзина или во возење, го нема звукот, туку е само ко ќе се притисни на кумплунг. Има некој идеја шо можи да е? Секако не ја возам, чим стропа одма прекинав да ја возам, утре ќе ја носам кај мајстор, ама некој дали има идеја шо можи да ја мачи и евентуално грубо колку би чинела поправка?
« Последно менување: 18 Мај 2025, 10:36:17 am spiritBreaker »

Отсутен Hardboy

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 209
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14553 на: 18 Мај 2025, 10:12:16 am »
Поло 1.2 44кв, сакам да го купам за сопругата. Прв газда солидно вози но го забележав ова како мана https://i.imgur.com/QtigJaA.jpeg малку замастено. Што може да биди и колку би чинела поправка?

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2946
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14554 на: 19 Мај 2025, 08:07:17 am »
Дечки, прашање: Форд фиеста 1.4i 82 коња 2005та год, на притискање на кумплунг се слуша тропање од кај моторот, ако е вон брзина или во возење, го нема звукот, туку е само ко ќе се притисни на кумплунг. Има некој идеја шо можи да е? Секако не ја возам, чим стропа одма прекинав да ја возам, утре ќе ја носам кај мајстор, ама некој дали има идеја шо можи да ја мачи и евентуално грубо колку би чинела поправка?

Можно е да е ламела, не одвојува убаво, евентуално корпа, ама секако тоа се менува како сет. Види што ќе ти каже мајсторот
Своерачен потпис ;)

Отсутен spiritBreaker

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 56
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14555 на: 19 Мај 2025, 11:15:50 am »
Дечки, прашање: Форд фиеста 1.4i 82 коња 2005та год, на притискање на кумплунг се слуша тропање од кај моторот, ако е вон брзина или во возење, го нема звукот, туку е само ко ќе се притисни на кумплунг. Има некој идеја шо можи да е? Секако не ја возам, чим стропа одма прекинав да ја возам, утре ќе ја носам кај мајстор, ама некој дали има идеја шо можи да ја мачи и евентуално грубо колку би чинела поправка?

Можно е да е ламела, не одвојува убаво, евентуално корпа, ама секако тоа се менува како сет. Види што ќе ти каже мајсторот
Ако е ламела со диск или како и да се вика цел сет тоа, некоја груба проценка за колку би коштало, за да знам да не ме ошурат

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2946
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14556 на: 19 Мај 2025, 11:32:58 am »
Зависи од произведувач, би требало цената да се движи од околу 8.000 до кај 12.000 денари
Своерачен потпис ;)

Отсутен devourer

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 425
  • Мерцедес е мерцедес се друго е кола!
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14557 на: 28 Мај 2025, 15:00:39 pm »
Drugari dali poznavate mesto ili majstor sto menuva sajli za hauba? Primetiv na levata strana sajlata e skinata,ne ja zaklucuva dobro haubata.Se raboti za mercedes w210.

Отсутен jacke0708

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 146
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14558 на: 29 Мај 2025, 20:56:59 pm »
Здраво клабери,
Имам Passat B8 (2.0 TDI) од 2015 година и забележав дека вртежите (RPM) стојат малку над 1000 кога ќе го ставам во D, иако не притискам гас. Не паѓаат ни откако ќе се загрее моторот.
И работата на моторот не е баш мазна, го забележувам тоа.

 Дали некој друг имал ваков проблем? Дали е нормално или треба да проверам нешто конкретно?
Фала однапред за каква било помош!

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2946
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14559 на: 16 Јуни 2025, 14:25:20 pm »
Друштво, се работи за Цитроен Ц3 1,4 бензин 2007 година, дали сликата од казанчето за вода/антифриз ве асоцира на проблем со мешање на антифриз со масло или поради нешто друго е вакво валкано (како кал):

Своерачен потпис ;)

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6425
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14560 на: 16 Јуни 2025, 14:32:03 pm »
Првпат го отвораш ? Вака од сликата и отсјајот личи на валкано казанче од порано со бистра вода во него.
Освен ако не е масло ова а не вода не е баш јасно од сликата.
Ако е бистра вода, може порано некигаш да имала проблем колата па се суредил, терсене се за чистење казанчињата никигаш нњма во фабрична состојба да го вратиш, а може и некој ја возел на чешмовача подолго се имаат створено секакви ѓубришта по каналите.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 45236
  • Il Moderatore
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14561 на: 16 Јуни 2025, 14:35:51 pm »
Возено без антифриз (само со вода), или со лош антифриз без инхибитори на рѓа. Убаво плакнење и саглам антифриз по спецификација за колата, може и ќе спаси, ама очекувај дека ќе ти биде матен антифризот форевер енд евер :)
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

There’s nothing better than driving a car you fixed

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2946
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14562 на: 16 Јуни 2025, 14:51:27 pm »
Колата беше да се гледа (во Словенија, од роднини, на татко ми му досади Пунтото без серво и без клима  :)), и при проверка водата била испод минимум. Роднината досипал обична вода за да ја провери колата во возење (затоа @vladic3110 така ти изгледа а и добра процена, тазе вода во валкано казанче). Не ни се ризикуваше и баталивме (поради сомневање на мешање на масло и вода, можеби не сега). Цената беше примамлива 900 евра, ама ризик јак.....
Своерачен потпис ;)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15326
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14563 на: 16 Јуни 2025, 15:02:08 pm »
50% од овие што ги носат коливе се со валкани казанчиња. Оди на некој плац, отвори им ги казанчињата, 50% се со кафеави казанчиња и мене секогаш тоа ме одвраќало.
И мене ми е мистерија, ама вака чиста вода да видам во валкано казанче - RED FLAG :)

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7847
  • French diamond
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14564 на: 16 Јуни 2025, 17:20:09 pm »
На Реното кај татко ми е исто валкано, ете 100К има поминато немала мака со издувни гасови во антифризот. Како, зошто кој ја знај.