Автор Тема: Прашања и одговори.  (Прочитано 2242523 пати)

Отсутен was

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 379
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14310 на: 12 Декември 2024, 10:07:08 am »
Имам малце подуен лак на бојата од колата, како воздух да има.
Како можам да го средам ова и кои се можни проблеми? Само на едно место така е малце како воздух

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6154
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14311 на: 12 Декември 2024, 10:13:58 am »
Фарбање комплет панел. Ако појавил на едно место ќе појави и на друго.
« Последно менување: 12 Декември 2024, 10:34:10 am nestor04 »

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3035
  • Слобода или смрт
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14312 на: 12 Декември 2024, 15:39:28 pm »
Ако двои панелот после може и цела кола да офарба. Инаку јас би одлучил зависно од вредноста на возилото.
<5k evra не би правел ништо
5-10к evra би го санирал локално
над 10к евра веќе би санирал по пропис.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6154
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14313 на: 12 Декември 2024, 16:48:02 pm »
Ниеден мајстор не се нафаќа да санира локално. Какво е тоа санирање локално? Еве имам точка колку гравче без лак на кров. Кој ќе направи прелаз? Ниеден мајстор не се нафаќа на такво нешто па да плукам после по него.

Отсутен Volvo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 355
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14314 на: 13 Декември 2024, 10:12:06 am »
https://imgur.com/lRPjoNd

На контакт сабајле се појави следната сијаличка (со звучен сигнал и трепкање). На втор контакт се изгуби и колата си запали нормално.
Препоставувам дека е до температурата на антифриз или нешто слично. Колата не беше возена неколку денови.
Дали некој знае што би можело да биде.
Според мене да проверам антифриз, т.е. да го заменам дека не е менуван многу години.
Поздрав.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6154
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14315 на: 13 Декември 2024, 10:24:42 am »
Провери и ниво на антифриз.

Отсутен Leon-cist

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 781
  • .
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14316 на: 13 Декември 2024, 14:55:16 pm »
Моторот ќе е ист, ама квалитетот на изработка на ентериер и чувство при возење меѓу Шкода и VW е многу поочигледен во Фабија/Поло отколку во Октавија/Голф.

Не знам колку голема ќе е разликата што ти смета, ама види го и Полото со тој мотор што се продава на форумов, можда ќе ти одговара ценовно.
Мислиш поло од форумот некој што го продава? Да, видов фала меѓутоа има превисока цена. За цели 1500 евра поевтино кошта фабија со истиот мотор, со сервисна историја.
VW MK-7 (1.6 тди)

Отсутен Fizzbuzz

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 127
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14317 на: 15 Декември 2024, 21:45:18 pm »
Ми треба препорака за некој да ми инсталира камера или со други зборови ми треба некој што ќе ја инсталира камерата на багажникот (ќе ги извади пластиките, ќе го замени механизмот за отворање на гепекот со нов) и ќе пушти кабли по левата страна на колата од кутијата за осигурувачи до гепекот(кабел за напојување) и од десната страна на колата ќе пушти кабел од гепекот т.е. од камерата до фиоката каде што е компјутерот (кабел за аудио и видео).

Прашав во ReDrive за ретрофит ама целата монтажа (без камерата која што веќе ми е купена) ќе ме чини нешто над 40.000 денари што не ми одговара па ако има некој предлог за пуштање на кабли (харнеси) и инсталирање на камерата (нормално без да искрши пластики, прагови, итн), частам пиво или виски. Kој што милува :)

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5934
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14318 на: 15 Декември 2024, 21:49:16 pm »
Со еден месец во спа центар иди понудата или како ?
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6154
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14319 на: 15 Декември 2024, 21:51:15 pm »
Може подетално за какво возило станува збор и дали би платил парично некоја нормална цена за работна рака?

Отсутен Fizzbuzz

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 127
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14320 на: 15 Декември 2024, 21:55:27 pm »
Може подетално за какво возило станува збор и дали би платил парично некоја нормална цена за работна рака?

Пасат Б8. Да да, секако дека би платил. Тоа ми е и целта, да не правам јас сам затоа што најверојатно ќе искршам пластики или нешто друго а немам ни соодветен алат за ваков подвиг.

Со еден месец во спа центар иди понудата или како ?

Ако е прашањето, дали ми треба спа за колата - не.
Ако е прашањето, дали со пијачката иде спа во пакетот - истотака не.
Благодарам на сарказмот и одвоеното време :)

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6154
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14321 на: 15 Декември 2024, 22:28:55 pm »
Побарај го Марио Алексовски на фб. Или Car Audio M.A.

Отсутен Fizzbuzz

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 127
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14322 на: 15 Декември 2024, 22:43:25 pm »
Побарај го Марио Алексовски на фб. Или Car Audio M.A.

Благодарам многу, ќе му пишам :)

Отсутен nikoloskim23

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 61
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14323 на: 17 Декември 2024, 07:20:31 am »
Ми треба препорака за некој да ми инсталира камера или со други зборови ми треба некој што ќе ја инсталира камерата на багажникот (ќе ги извади пластиките, ќе го замени механизмот за отворање на гепекот со нов) и ќе пушти кабли по левата страна на колата од кутијата за осигурувачи до гепекот(кабел за напојување) и од десната страна на колата ќе пушти кабел од гепекот т.е. од камерата до фиоката каде што е компјутерот (кабел за аудио и видео).

Прашав во ReDrive за ретрофит ама целата монтажа (без камерата која што веќе ми е купена) ќе ме чини нешто над 40.000 денари што не ми одговара па ако има некој предлог за пуштање на кабли (харнеси) и инсталирање на камерата (нормално без да искрши пластики, прагови, итн), частам пиво или виски. Kој што милува :)
Ако не си завршил работа прашај го Давор +38977740442, јас бев кај него сега скоро имав 5 6 работи на лист пишано што треба да ми ги среди за неколку саати ми се јави ми средил се, а што најмногу ми се допадна без никакви траги дека нешто чепнал а цо најмала рака 50€ ми имаше спасено

Отсутен bobimk

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 289
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #14324 на: 17 Декември 2024, 12:43:59 pm »
Дечки, десна предна врата не ми заклучува (Пежо 207). Колата си има централно и останатие врати и гепекот се зкалучуваат нормално, само совозачката не. Претпоставувам дека е механизмот и/или електрониката во вратата. Имал некој сличен проблем? Во смисла да не е нешто ситно и ефтино, да не одам за џабе да ме одерат некаде.