Имам кола со затемнети задни стакла (клима фолии) со а-тест. Сакам да ги извадам. Прашав во ПСС - они ми рекоа морам да направам нов а-тест и во сообраќајната да пишува дека нема клима фолии, во спротивно можно е да ме казнат. Нов а-тест е 2500 денари.
Ми нема логика и не ми се даваат 2500 денари за да извадам нешто. Има ли друго решение, знае ли некој? Колку би била казната ако некој ја види сообраќајната и забележи дека нема фолии, а има а-тест за фолии? Нели е обично обратното, луѓето се плашат од казна во обратна ситуација...
Дали ако оставам само едно стакло затемнето, пример назад лево, а назад кај гепек и назад десно ги извадам фолиите, дали ќе биде легален така а-тестот?