Автор Тема: Прашања и одговори.  (Прочитано 1911792 пати)

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17443
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #13980 на: 05 Септември 2024, 14:41:37 pm »
Каде можам да најдам саглам мајстор низ Скопјево што ќе се нафати да смени ламела, потисна и друк лагер на форд ка 2000 без да гњави и без да ме кошта бубрег?

5000-6000 е работна рака за тој зафат, освен ако не постои мајстор што не го афектирала инфлацијата во последниве години па уште да наплаќа 3000.

Отсутен Makedons

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 197
  • Macedonia
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #13981 на: 05 Септември 2024, 14:50:37 pm »
Друг предлог е да си набавиш сам масло и да си најдеш еден механичар кој работи солидно и да не ја шеташ колата по 100 места.

Нема баш многу, многу такви. Имам луѓе за одредени работи на кои можам да им се доверам, ама за ова не, па затоа и ми треба човек.

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1753
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #13982 на: 05 Септември 2024, 22:13:25 pm »
Имам во поблиска фамилија Опел Астра Х 1.4 бензин/плин со позната историја бидејќи е одржувана во официјален сервис и возена од еден човек, но колава јави чуден проблем. Еден цилиндар од 4 не работи, не секогаш е истиот цилиндар, но последно време најмногу прави проблеми на еден ист. На колата е сменето свеќици, бобина, дизни, носена на неколку официјални и неофицијални мајстори и никој не знае да го најде проблемот. Кога работи дава check engine и фрла грешка cylinder misfire. Низ ауспух исфрла несогорено гориво и бел дим.

Некој од тука да не имал сличен проблем со овој мотор?

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5673
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #13983 на: 05 Септември 2024, 22:15:12 pm »
Која грешка точно ја дава и дали е за продавање така како што е бидејќи барам баш таква кола со таков мотор?

Снимете со opcom live data па да биде појасно. Измерете и компресија. Која е разликата од клип до клип?
« Последно менување: 05 Септември 2024, 22:22:44 pm nestor04 »

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5827
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #13984 на: 05 Септември 2024, 22:23:16 pm »
Губи антифриз?

Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk


Отсутен st08

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 199
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #13985 на: 05 Септември 2024, 23:27:16 pm »
Имам во поблиска фамилија Опел Астра Х 1.4 бензин/плин со позната историја бидејќи е одржувана во официјален сервис и возена од еден човек, но колава јави чуден проблем. Еден цилиндар од 4 не работи, не секогаш е истиот цилиндар, но последно време најмногу прави проблеми на еден ист. На колата е сменето свеќици, бобина, дизни, носена на неколку официјални и неофицијални мајстори и никој не знае да го најде проблемот. Кога работи дава check engine и фрла грешка cylinder misfire. Низ ауспух исфрла несогорено гориво и бел дим.

Некој од тука да не имал сличен проблем со овој мотор?
Незнам дали е моторот на ланче, ама ако е нека провери мајстор да не има прескокнато па да го прави тој проблем. Јас имав ист проблем, така ја купив колата, рандом знаеше да фрли check engeine со истиот error cylynder misfire се додека не утврдивме дека има прерипано 1 заб.

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1753
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #13986 на: 06 Септември 2024, 06:19:10 am »
Која грешка точно ја дава и дали е за продавање така како што е бидејќи барам баш таква кола со таков мотор?

Снимете со opcom live data па да биде појасно. Измерете и компресија. Која е разликата од клип до клип?

Не е за продавање. Чекам да ми ги пишат грешките и ќе ги пишам тука.
Губи антифриз?

Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk



Не губи ни уље ни антифриз, антифриз е чист како и уљето.

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1753
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #13987 на: 06 Септември 2024, 06:27:22 am »
Имам во поблиска фамилија Опел Астра Х 1.4 бензин/плин со позната историја бидејќи е одржувана во официјален сервис и возена од еден човек, но колава јави чуден проблем. Еден цилиндар од 4 не работи, не секогаш е истиот цилиндар, но последно време најмногу прави проблеми на еден ист. На колата е сменето свеќици, бобина, дизни, носена на неколку официјални и неофицијални мајстори и никој не знае да го најде проблемот. Кога работи дава check engine и фрла грешка cylinder misfire. Низ ауспух исфрла несогорено гориво и бел дим.

Некој од тука да не имал сличен проблем со овој мотор?
Незнам дали е моторот на ланче, ама ако е нека провери мајстор да не има прескокнато па да го прави тој проблем. Јас имав ист проблем, така ја купив колата, рандом знаеше да фрли check engeine со истиот error cylynder misfire се додека не утврдивме дека има прерипано 1 заб.

Со оглед на тоа што ланчето е 200к км и не е сменето, има логика ова. Баш ќе провериме.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6137
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #13988 на: 06 Септември 2024, 07:12:49 am »
200.000 и уште нема измешано уље и антифриз?

Чудим ја.

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1753
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #13989 на: 06 Септември 2024, 09:53:45 am »
Еве ги грешките
https://imgur.com/a/88rfyyt

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3736
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #13990 на: 06 Септември 2024, 10:12:41 am »
Вака знае да јави и од бобина или свеќица, сте ги смениле ама сепак најдете друга бонбина за проба...

Sent from my motorola edge 40 neo using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10403
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #13991 на: 06 Септември 2024, 10:24:39 am »
мак плин однеси ја

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5673
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #13992 на: 06 Септември 2024, 10:32:21 am »
Од бобина дава вака. Ама дава и од милион други причини. Барајте оригинална бобина GM или Delphi, исто и свеќички Bosch или GM, инаку страда бобината и не работи добро колата. Бобината се репарира исто така, се отстрануваат гумените делови и во нив има пружина која служи како отпорник, видете дали е оксидиран:

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6137
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #13993 на: 06 Септември 2024, 10:52:05 am »
ОЕ бобина за тој мотор е Bosch 0 221 503 472.

OE свеќички се исто Bosch 0 242 229 699 или FQR8LEU2.

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1753
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #13994 на: 06 Септември 2024, 12:41:28 pm »
Проверена бобината и свеќиците, буквално се од тоа е сменето плус проверено со делови од друга иста кола, резултатот е ист.

Единствено останува да се проверат повторно дизните и да се измери компресија.