Пробав без сајла и со сајла, исто си оди, со рака кога вртам има нормален отпор. Лошо е ако е лагер, комплет е 100€. Инаку на другар му се расипа шепа, па не најдоа делови, инаку мајсторот ќе ја репарираше и го фати 4000 мислам, со репарирана ќе беше упола. Тој секогаш оди од најевтината варијанта за муштеријата и тоа го ценам доста.
Гледав и по Хајнес, треба да има 1.5мм простор помеѓу сајлата и држачот од клипчето. Толку е и кај мене, што значи дека е прописно инсталирана. Не памтам дали откако сменив сајла така прави. Механизмот лесно враќа со рака, без потреба од штрафцигер, клешти и слично. Корозија внатре нема, убаво е пополнета со маст за зглобови.
Чудно е што се појавува само при возење и тоа само на жешко време, на надворешна температура од 15 степени го нема тоа, треба ееептен да кочам (Плетвар) за да почне да го јавува тој звук, ама само при тргнување. Исто и бандажот не е жежок после возење, односно сите бандажи се топли исто како и задниот десен, ми се случи да ми запечи рачната на задно лево тркало, па го стопли бандажот и ја паркирав веднаш и не ја возев сѐ додека не набавив сајла за рачна и не го исчистивме добро механизмот. Ама звукот доаѓа од задно десно овој пат, барем така слушам јас и тој што го пратив надвор да стои до кола и да слуша 😂