Ако му влезе страв значи не е за возење точак има други занинимации, исто како паничар жена со возачка шо не за возење.
Најдобро е со онаков баланс бајк, малце да му го фати редот со него и одма на точак прелаз, внуците така еве ги шибаат, помалиот нема ни 4 уште.
Точак јас се сеќавам дека се изнапаѓав дури учев, ни помошни ни ништо, едно мини пони со полни гуми зелено. Благодарение на него сите млечни ги скршив и од ко научив, па мораа малце поасолен точак да ми најдат, под поасолен се подразбира 3 генерации возен бмх, го надрасна братучед ми го наследив јас, како и се останато од алишта и опрема, одеше генерациски, од 75та до 95та, сите со истите работи

Скијање и пливање исто сам на себе, школо во Бт за таква работа само тие шо имаа вишак пари за фрлање во време на транзиција. Едни Елан имав сољупени од возење од претходно, глава над, чизмите Алпина Јус стандард, 3-4 броја поголеми исто како и комбилизонот, за да траат години, по можност од градинка до цело основно

Оди гледај ги другите ќе се научиш, тоа беше одговорот бериќат еве се се научив, како јас така и сите деца низ тие генерации, падни стани, изгреби се , потскрши нешто и тоа е.