Здраво друштво,
Имам Сеат Леон 1.6 TDI (77KW, 105 HP).
Последните неколку дена повремено ми се вклучува сијаличката за грејач и колата влегува во Лимп моде. Да напоменам на почеток дека Дпф и Егр се исклучени софтверски. Ја спремав колата за технички, ги менев плочките на кочници и левиот цилиндар за рачна кочница на задно тркало па мајсторот случајно забележал дека ауспухот е дупнат па го зашвајцувал. Е од тој момент колата влегува во Лимп моде.
Нема правило во која брзина и на колку Км/ч ќе влезе во Лимп моде. Тогаш застанувам, ја гасам колата, чекам неколку минути, ја стартувам повторно и се е во ред.
Има ли некој со слично искуство или идеи кој проблем би можел да биде, дали Турбо, Маф сензор, некое скинато црево и слично ?
Фала на сите за евентуалните одговори 🫡