Дечки, планирам за брзо време мал ама така посеопфатен сервис за колата па сакав да прашам кој има искуство во врска следниве работи што сакам да ги проверам/средам (на мајстор, не јас сам), покрај редовната промена на масло и сите филтри:
1. Чистење картер и сито при промена на масло. Инаку редовно ставам Total Quartz 9000 5-40. Дали е добро тоа да се направи превентивно? И колку тежок/лесен зафат е тоа? Пошто станува збор за 1.6 хди Пежо 207 110кс, а познат е кај нив проблемот со осетливо турбо поради лошиот дизајн на картерот и/или ситото така нешто беше, не се разбирам толку...
2. ЕГР јавува грешка на дијагностика, не знам точно кој беше кодот. При палење титка за грешка (Intas FAP) и на табла се пали само извичничето, нема check engine ламбичка. Извичникот си свети цело време додека возам. Колата не приметувам да има проблем за сила, влечење и тие работи, али ако можи со едно чистење на ЕГР да се проба, да се среди грешкава, зошто да не. DPF-от претпоставувам дека е во ред иако имаше една ситуација лани летото кога во град се случи за зачади наеднаш бел поинтензивен чад, ама брзо се паркирав и ја изгаснав. Од тогаш такво нешто не се повтори. Гледам еднаш-двапати месецот да ја “продувувам“ на отворено (100ина км релација во два правци), као демек превентивно околу DPF и тие работи...
3. Сакам и антифризот да го сменам, повеќе превентивно пошто 6та година ја имам колата и од почетокот кога се правеше голем сервис, немам сменето антифриз. Многу ретко дотурам по малку, ако приметам да е блиску до минимум, ама тоа е можда 2-3 пати годишно количина колку филџан за кафе

Инаку колата нема проблем со кревање температура, сега зимава за 5-6 км возење веќе е на 80ина степени што мислам дека е нормално.
4. Ми се ближи и големиот сервис, 6та година е веќе, ама од 2018 досега немам поминато ни 30.000 км. Дали може колку толку визуелно да се види каишот и да се процени дали може да тера уште, барем уште оваа година?