Колата треба да ја регистрирам за некој ден, имам сменето адреса на живеење официјално, а кога закажав за сликање ме посоветуваја вработените да сменам само лична карта, а возачката и пасошот бидејќи се со Северна, да ги оставам да истечат па да ги сменам. Дали сообраќајната да ја менувам сега и полисата со нова адреса или да ги оставам старите? И дали кога се прави атест на стакла се вади нова сообраќајна дозвола (и се плаќа за незе додатно или е вклучено во тие 2500-2700 ден) или се допишува и удира печат на старата?
Едит: Исто така имам возило кое на документ е на родител со кого не живеам на иста адреса, дали смеам да го возам без нотарски договор (само низ град) и да го регистрирам без негова лична карта? Документите и полисата се кај мене, и возилото е кај мене долго време, не можев да го возам бидејќи немав дозвола и бев малолетен претходно, па мораше да се пиши на името на родителот.