Кога сме веќе кај држачи, дали некој има искуство со смена на држачи за мотор? Да не вибрира многу дизелаш.
За фолксвагени, не тие под мотор 2 паштети и кучешка коска туку страничните.
Да, кај мене беше отиден тој хидрауличниот и затресуваше вкабина на гаснење, во лер некогаш тресеше на шалт табла, и беше погласен моторот. Кога го сменав се исчезна од вибрации и како да сум ставил изолација, веќе над 100ка се вози нормално, пред тоа главата тапан.
Тој другиот страничен не ми е сменат, сигурно нешто и со него ќе се добие. Долниот, мотор со менувач, добив мека транзиција по отпуштање на гас. Во шо состоба се твоите треба некој да ти кажи или споредба да си направиш со друг голф ако не си сигурен дали нешто е за промена.