Абе со тоа документите заглавив лани кога ја регистрирав колата, газдата на техничкиот близок пријател, а бараше доказ за моторот дека не бил од крадена кола, е не бе јас будала сум краден мотор да ставам. Му барале од МВР документ да приложи за моторот. Секаде прашав и никаде не можеа документ да ми издадат, само Кардаш се нафати да направи документ, но средивме со документи некако од возилото од кое е изваден моторот, инаку немаше шанси да ја регистрираат, а доколку не им кажев дека е сменет моторот и да го заведат во сообраќајна уредно немаше ни да проверат, а тоа најмногу го направив поради тоа што имаше доста инспектори за дрога и криминал во градов и дури и број на мотор проверуваа, а знам многу возила на кои не е внесен новиот број на мотор.