Пролетва треба да правам мал сервис, значи масло и филтри. Претходните два пати, а колата ја имам од есента 2018, менував сите филтри. Прашањето ми е дали сега да менувам филтер за гориво? Пошто од 2020та промената ,до сега, имам поминато 10к км? Наводно филтерот за гориво можел да оди до 50-60к? Не дека толку би го чувал, ама еве барем еден интервал на промена на масло, да го прескокнам филтерот за гориво? А не е е ни ефтин, 1700 го платив последно, дури и претходниот ќе го продавав демек на старо (има околу 10к) ама ене го дреми во визба 2 год веќе.
Инаку станува збор за Пежо 207 1.6 хди 110кс 2008.
Масло ставам Тотал 9000, мислам беше 5-40, треба да ја видам тубата. Дали некое друго би препорачале или да терам со истото?