За на 5-та врата секакви собира, само многу врзување и одврзување сакаат, со каиши да се мафташ, да ги изолираш да не се удираат и слично.
Не можиш да го отвориш багажникот, не се заклучуваат.
Позитивно, не ја нарушуваат аеродинамиката на колата и не мора висински да пазиш, само странично по пола метар или ич ако вадиш тркало. Ефтини се.
На покрив ако возиш со два амортизери и подолги велосипеди, само Туле држачите одговараат, за сите други, Менабо Asso и Јуза, се солидни, поефтини не би гледал јас, не дека не бркаат работа ама...
За 1 минута се монтираат точаците, уште побрзо се вадат, се заклучуваат до некој степен, колку за кратко да не ги мислиш. Не фучат на покрив, ама лапаат гориво, +20-30%.
Треба да ги пазиш да не закачат горе на места. Е сега цената на држач за еден е колку за држач на 5-та за 3 велосипеди.
Тоа што ти одговара тоа земај, јас за на покрив имам.