Здраво дечки. Ме нема одамна да пишам на форумот и еве ме, за жал, со проблем. Пред две недели ставав гориво на Лукоил, таму ставам последниве 2 год и ја наполнив скоро цела, на претпоследното цртиче. Палам и тииит, тиаголникот со извичник и на екранчето од компјутерот, на италијански rischio intas fap, што во превод му значи Particulate filter clogging risk и сега ми се јавува на секое палење и триаголникот свети нон стоп. Колата нема некои осетни проблеми со забрзување и одржување брзина и вртежи. Е сега, имам читано дека е ова еден од позаебаните делови кај дизел колите и дека може до толку да се заебе што треба нов кој 1000+ евра или пак да се извади целосно и знам дека има регенерација на овој филтер кое треба да се случи во возење, но никогаш не сум обрнал внимание, ниту сум сетил промена во звук и сл. па да се посомневам дека е тоа. Инаку вкупно гледано километрите ми се 50-50 град и отворено, дури би рекол и дека нешто повеќе е отворено, ама временски ако земиш, да, често имам кратки релации од 5-6 км низ град, но се случува пример да одам еднаш месечно и на подолга релација од 100-150 км. А до работа кога ја возам е 10 км во еден правец. Дали може да се среди со некој адитив ова, кој е ризикот да ми се случи нешто во возење пример губење нагло снага и сл. Инаку станува збор за Peugeot 207 1.6 hdi 110ks 2008.