Изгледа Веснава е затворена (Ca-Ca - калциум; и плус најдов дека за другите (поскапи) модели викаат дека им се затворени).
Во секој случај, го пуштив на чарџер. Отпрвин не сакаше да тргне (позната болка на Ultimate Speed полначите од Лидл - кога е многу празен акумулаторот, не можат да одлучат дали е 6 или 12 волтен и се откажуваат). Овој, кога ќе притиснев на копчето, напонот многу растеше и тогаш се ресетираше (прекинуваше со полнење и се враќаше само на мерење; а при мерење напонот опаѓаше - го празнеше?).
Забележав дека со упорно држење на копчето, секој трет пат се ресетира на повисока бројка за 0,1 волт од претходниот пат, па ќе тргне да опаѓа. Веројатно му пушта струја? Па со МНОГУ упорно држење (околу пола саат) и до 11 и нешто волти (тргна од 7 - полначот го испразни од првичните 8,4?) веќе почнаа да се појавуваат знакчињата за избор на режим на полнење, но кога ќе одберев некој, брзо вртеше до 15 волти и прекинуваше. Ништо, си реков, овој е пробиен.
АМА, жал ми беше да се откажам од потрошени пола саат од мојот живот и продолжив да држам, да видам што ќе се случи и до каде ќе оди. На 12 и нешто волти почна да брљави поинаку, веќе не се ресетираше, ама многу скокаше напонот околу 11-12-13 волти и трепкаше и прекинуваше да трепка... Многу хаотично, да го видев прво тоа одма ќе гасев затоа што ќе мислев дека е расипан полначот или пробиен акумулаторот, ама по толку време безнадежност секоја промена беше добредојдена.
Затоа што веќе не се ресетираше, го оставив иако не знаев што прави, а со едно уво наслушнував накај балконот дали ќе чујам експлозија.
По половина саат го проверувам и си ѕвонка, си полни, беше на 13,2 волти, по уште пола саат е на 13,6 волти... И полначот и жиците и клемите и акумулаторот ладни како камен (на допир).
Се разбира, кога (ако) го наполни, ќе го проверам со два волтметри + оставање 24 саати да видам дали (колку) ќе испразни... Немам премногу надеж затоа што многу брзо го наполни до тука, ама ќе видиме.