@Deni Ама сеа пишиш пред да читаш закони, убаво и јасно е дефинирано што е мопед, што е велосипед со помошен мотор при кој припаѓа и овој бидејки се вози на педали а и фино дефнирано ти е дека и "електричните точаци" i тротинети се регулирани под двата закони. Еве ти уште еднаш да прочиташ.
25. “Велосипед со помошен мотор” е возило со погон на педали, кое како
дополнување може да има мотор со внатрешно согорување со работна зафатнина
која не е поголема од 50 cm3, или електромотор со најголема континуирана
излезна силина од 0,25 KW, при што дејството на моторот се исклучува кога
брзината ќе достигне 25 км/х, или ако велосипедистот го прекине дејствувањето
на педалата;
26. “Мопед” е возило на моторен погон со две тркала или со три тркала чија
работна зафатнина на моторот со внатрешно согорување не е поголема од 50
cm3,, односно силината на електромоторот не поминува повеќе од 4 kW и чија
брзина на рамен пат е ограничена на најмногу 45 km/h;
Регулирани се и припаѓаат таму кај што се, 3ца во канцеларија на технички ми го потврдија и за мојот мотор истото и за точаците електрични и остало шо се вози низ град кога се бунев..
Накратко речено по закон сите возат на диво ако се погоди џандар да им го истолкува законот како што ми го истолкуваа мене, сите можат да попијат казна.