Ве молам за совет - Peugeot 307 1.6 HDi 110hp.
Колата гаси во возење после поминување одреден број на километри на отворен пат. Значи, работи нормално во град без никакви "hesitations" и работи нормално на отворено исто без проблеми. Проблемот се јавува после 30-40-50км возење на отворено, кога ќе забавам за на патарина на пример или кога после отворен пат ќе влезам во градски сообраќај каде треба да се вози бавно (втора-трета) колата едноставно гасне. Веднаш после тоа пали без проблем, ама проблемот го повторува неколку пати кога ќе се вратам во град и потоа прекинува да се повторува и работи нормално.
Грешки на дијагностика не покажува никакви.
Како можен дефект ми го спомнаја регулатор на притисок. Што мислите вие? Дали би можело да биде нешто друго освен тоа, да не испадни да се истресам 150еур за џабе.
Фала однапред.