Другари, во мануалот пишува дека сет ребраст ремен се менува на 210к изминати километри без временски унслов.
Сервисерите меѓу кои и овластениот упорно ме убедуват дека сум го пречекорувал лимитот на километражата кое во моментот е околу 185к км и треба сега тој сервис да се направи. Кој се во право во ова ситуација, инженерите или сервисерите? Фала
ПС: Се работи за голф 7 1.6 тди
Во упатството е 210.000км за дизел или 10 години што попрво дојде, за ТСИ е 210.000км проверка визуелна па може да се смени на 240.000км али и тука важи временскиот интервал од 10 години. Ако имаш 185км поминато ондак јас би почекал уште една година.
Уште чекам да најдам некаде на форум или некаде некој да се пожали дека му се скинал каиш на новите тди или тси зошто чекал до 210.000км. Имам многу читано на оваа тема и каишите (барем оригиналните од фабрика) се многу пософистицирани од тие што претходно ги вградуваа пред 2011 така да нормално дека ќе и верувам на фабрика а не на некој шалабајзер во гаража.