@vladic3110 краток одговор - резултатот кажува дека е во ред.
долг одговор: лумбосакралниот дел ти е најдолниот дел од рбетот, пред да започне сакрумот (или по нашки опашката). Лумбарниот дел (кичмениот дел) ти се состои од 5 пршлени L1 - L5, помеѓу кои има дискови. L5 пршленот продолжува со S1 пршленот, помеѓу кои повторно има диск.
Наредно, постои некое претходно утврдено растојание помеѓу пршлените кое е всушност висина на самиот диск. Затоа пишува „уредна висина и сооднос на пршленските тела“.
Минимална протрузија значи дека дискот кој ти се наоѓа помеѓу L5 и S1 пршлените, е изместен од својата положба. Во најлошо можно сценарио, доколку тоа не се лекува, може да настане оштетување и допирање на самите пршлени или ние го имамe слушнато како „дискус херниа“
Што треба да избегнуваш, барем периодов за превенција: тешки вежби со подигнување, мртво кревање, поместување на мебел, кревање и спуштање на вреќи, работа со лопата и слично
Какви вежби можеш да додадеш:
1) легнат на стомак, пробуваш да се исправиш со рацете, додека карлицата и нозете ти остануваат фиксни на подот (мислам дека cobra поза се вика)
2) cat-cow поза (види ја како изгледа, одма ќе сфатиш)
3) легнат на грб, нозете свиткани во колената, пробуваш да се вртиш на лева и десна страна се додека страничниот дел на колената не ти допрат до земја, а торзото (од карлица нагоре) ти останува фиксно.
4) ако можеш, купи си ролер од најстандардна фитнес продавница за да го раздвижиш тој дел
5) легнат на грб целосно, ја виткаш едната нога во колено кон градниот кош, си помагаш со рацете, да осетиш затегнување во задните мускули (па потоа менуваш нога нормално)
Битно што треба да се знае:
1) креми и гелови за ладење и релаксација и масажа нема да помогнат, бидејќи ова е на коскено ниво. Често се случува пациентот да има мускулен спазам (грч/креч) на долните грбни мускули бидејќи тие го „штитат“ рбетот и предизвикуваат болка.
2) не прави нагли движења со вежбите и диши постојано - секој притисок на кичмата е исто притисок и на дијафрагмата, па одржувај го тоа.
Се надевам помогнав колку толку