Здраво дечки, имам проблем со мењачот мануелен на мерцедес б180 цди 2006 год.
Кога е незагреана колата, при возење кога мењам во прва брзина тешко влегува (ако е од 0 тогаш полесно), а некогаш и влегува без проблем.
При втора брзина многу често прави „КРРК“ ако побрзо сменам, ако сменам нежно и полека со мала задршка тогаш нема да јави таков звук. Понекогаш и кога мењам во трета брзина прави таков звук ама поретко.
Порано ќе загрееше колата и тоа крчење после неколку шалтања ќе се изгубеше, си викав ај може додека подмачка уљето.
Сега изгледа помали релации возам ама како цело време да прави при брзо шалтање, понекогаш и нема да направи, ама почесто грчи.
На другите брзини немам проблем.
А кога е исклучена колата (ладна невозена од претходно или возена сеедно) си мењам без проблем и без крчење во место.
Некој да сподели што би било проблем и второ - кај да барам мајстор во ск?
Фала!