Автор Тема: Прашања и одговори.  (Прочитано 2240322 пати)

Отсутен DonIvan

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 35
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #9015 на: 27 Октомври 2020, 17:23:22 pm »
Би требало да е ова
https://youtu.be/Mj9mEeKWCL8
ПС: колава е со волан од десно, што значи возачката врата зафркава, да не те излаже па да мислиш дека е совозачка.

Да другар, тоа се случува со заклучувањето. Фала на видеото, ќе побарам брава за возачката страна по нет ако најдам. Фала на инфото. Убава вечер

Отсутен Stefan1

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 4
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #9016 на: 27 Октомври 2020, 22:22:37 pm »
Здраво друштво се работиу за Опел Астра Ј 2010 година 1.6 турбо бензин имам чуден да кажам проблем кога ке возам и ке ја избацам колата во лер додека возилото се движи без разлика дали 20-30 км/ч или побрзо обртаите одат од 800 до макасимум 1500-1600 па пак се враќаат и цело време додека колата се движи а е изабацена се случува оваа кога ке застанам нема вакво осцилирање на обртаите се си работи перфектно во место на лер гас. Е сега ова се случува само кога е изгасена климата кога е вклучена климата нема вакво осцилирање на обртаите ако некој имал слично искуство би му бил благодеран да сподели како го решил.

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6004
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #9017 на: 27 Октомври 2020, 23:59:54 pm »
Стави ја на дијагностика,такви симптоми имав на астрата,сондата на граната испадна.

Sent from my M2007J20CG using Tapatalk


Отсутен Stefan1

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 4
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #9018 на: 28 Октомври 2020, 20:44:55 pm »
Стави ја на дијагностика,такви симптоми имав на астрата,сондата на граната испадна.

Sent from my M2007J20CG using Tapatalk
Благодарам

Отсутен StOrM

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 27
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #9019 на: 29 Октомври 2020, 20:54:08 pm »
Препорачајте некој што работи електрика на Алфа Ромео.
Фала.

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #9020 на: 29 Октомври 2020, 21:30:01 pm »
И мене ме интересира колега @StOrM . Го имам баш прашувано Жаре (бидејќи тој само механика работи нели), ама не знае. Вистинското прашање е - дали некој сака да работи електрика за AR

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17781
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #9021 на: 29 Октомври 2020, 21:43:38 pm »
Коска постариот и помалиот, Порта Влае. Со цени како се - не знам, ама знам дека ги бива.

https://www.facebook.com/VFAperformance

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1885
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #9022 на: 30 Октомври 2020, 12:53:10 pm »
Имам еден проблем што се појави пред 1 година но сеуште не сум пробал да го решам.

Колава пали и работи на плин без никаков проблем, без разлика дали е лето или зима. Но на бензин не прима, трокира и кога ќе дадам туража почнува да се гуши за да изгасни. Ако ја пуштам туражата не гасни и си работи на лер. Бензинската пумпа работи, се слуша кога давам контакт, а и пали без проблем на бензин.

Се работи за Фиеста 1.3 1995 година.

Некое искуство или совет што би можело да биде проблемот?
  www.malservis.mk - сѐ за твојот автомобил!

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1506
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #9023 на: 30 Октомври 2020, 12:59:57 pm »
Имам еден проблем што се појави пред 1 година но сеуште не сум пробал да го решам.

Колава пали и работи на плин без никаков проблем, без разлика дали е лето или зима. Но на бензин не прима, трокира и кога ќе дадам туража почнува да се гуши за да изгасни. Ако ја пуштам туражата не гасни и си работи на лер. Бензинската пумпа работи, се слуша кога давам контакт, а и пали без проблем на бензин.

Се работи за Фиеста 1.3 1995 година.

Некое искуство или совет што би можело да биде проблемот?

Кај мене трокирањето не беше толки изразито, ама го имаше. Излезе дека се дизните запушени.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17781
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #9024 на: 30 Октомври 2020, 18:58:09 pm »
Бензинската пумпа може да работи во лер но да е ослабната и да не може да испорача притисок (или да задржи притисок) на повисоки вртежи.

Не викам дека тоа е проблемот, ама не ја исклучувај како виновник.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #9025 на: 30 Октомври 2020, 19:13:23 pm »
Имвме рак фиеста 1.3, по 6 месечна борба со сличен (можда и ист бил) проблем ја продадовме, најисплатливо беше.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8005
  • Плинаш!!!
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #9026 на: 30 Октомври 2020, 19:20:26 pm »
Бензинската пумпа може да работи во лер но да е ослабната и да не може да испорача притисок (или да задржи притисок) на повисоки вртежи.

Не викам дека тоа е проблемот, ама не ја исклучувај како виновник.
Бензиската пумпа работи со константен притисок без разлика на вртежите. Барем така беше на пунтото а верувам и на повеќе коли од тие години.

Sent from my Redmi Note 8T using Tapatalk


Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10576
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #9027 на: 30 Октомври 2020, 19:49:40 pm »
Да, така е, ама поради дотраеност некогаш не може да го достигне сетираниот притисок, оти на поголеми оптоварувања повеќе бензин се троши со што се намалува притисокот, односно се зголемува потребата за дотур на бензин, па пумпата едноствно не може да постигне.
Ама не можам да тврдам дека е пумпата, нити дека не е .

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #9028 на: 30 Октомври 2020, 20:25:12 pm »
Пролетва кога отидов на сервис поради капењето (излезе дека течело шаком и капом) бензин од резервоарот на i10ката, се симнав до долу пред гаражата.
Бидејки таму веќе беше полно со коли од претходниот ден и сеуште не беа отвориле, си реков во случај и гаражата да е полна, да си се вратам назад да не им сметам.
Тргнав по угорницата и ми угуши.
Во лер си работеше нормално, на турирање во место си примаше гас.
Се обидов уште неколку пати, не можев да ја искачам угорницата и ја оставив така. Дури тогаш видов дека саглам истекува гориво.
Претпоставувам дека некаде на пола пат кон сервисот, цревото дополнително се подизвадило под притисокот од пумпата и тогаш почнало лиењето.

Фактички, бидејки горивото истекувало, пумпата не можела да набилда доволно притисок за да го нахрани моторот под оптеретување за да ја искачам угорничката.

Отсутен Kozanostra

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1901
  • Opel Astra 2.0 DI
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #9029 на: 31 Октомври 2020, 01:22:53 am »
Ми се чини тие фиестите имаа некаде кај резерварот филтер за гориво кој се затнуваше и правеше такви срања.... или да сецка колата или вакво нешто ....провери си ги филтрите