Автор Тема: Прашања и одговори.  (Прочитано 2852140 пати)

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7272
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #8970 на: 12 Октомври 2020, 10:48:45 am »
Прекинат греач на задно стакло се поправа ли?

Мислам дека има комплети што се продаваат за поправка, бар во странство.
Јас сум немал искуство, мислам дека имало муабет н оваа тема низ форумот, пробај најди.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 45227
  • Il Moderatore
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #8971 на: 12 Октомври 2020, 11:25:29 am »
Има електропроводлив лак, за да се воспостави контакт таму кај што е скинат грејачот ако е една или две лини..
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

There’s nothing better than driving a car you fixed

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6107
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #8972 на: 13 Октомври 2020, 11:45:28 am »
Дечки пак јас со вај Мултиекусканот :D
Во Simulation mode ми дава демек може да имам проблем со Мап сензорот,сега зедов го отштекав од џекот но одма светна чек енџин,значи си функционира и не би требало да е до него,него бајагити се зачитав околу P0704 Clitch swich (сензор за квачилото) и некако сега тука ми се сврте вниманието дека може од оваа да ми губи снага фиато,колку шо гледам грешката се јавила кога температурата на моторот била минус 40 степени,шо нема врска и значи дека тој сензор има нешто поврзаност со некој зензор за температура,исто така не ми функционира темпоматот кога е изгубена снагата на фиато,тоа го прочитав и на нет со тој код на грешка дека не функционирал темпоматот шо се совпаѓа,друго било поврзано исто и со квачило сетот давало некој сигнал,јас сега го извадив тој свич и на мултиметар го проверив и нормално си функционира отвара\затвара,еве скриншот од грешките и параметрите,ако некој знае веке како и шо да проверам бујрум :D

Отсутен 386ka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 945
  • Am386 DX/DXL-40
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #8973 на: 13 Октомври 2020, 11:53:44 am »
Пријателе бе? Ти пишува погоре со големи букви дека си во мод за симулација, односно дека податоците не се вистинити. Мислам дека е време да си ја возиш колата малку... :D

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7433
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #8974 на: 13 Октомври 2020, 11:57:14 am »
Со сила сака грешки да најди.

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6107
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #8975 на: 13 Октомври 2020, 12:04:53 pm »
Знам дека така пише,но ете еден од кодовите се совпаѓа со проблемот шо го имам,темпоматот не функционира кога губи снага,колата се вози секој ден само ме нервира кога губи снага,пишано е од поодамна.

Sent from my M2007J20CG using Tapatalk


Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1930
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #8976 на: 13 Октомври 2020, 13:04:10 pm »
@riki_staff ако не се лажам некаде имаше спомнато дека не ти уклучува прва брзина на вентилаторот. Јас го имав тој проблем на Опел дизел и многу често влегуваше во Limp mode  и не примаше. Откако ќе ја изгаснев/запалев, повторно си одеше нормално. Чекот ајчесто светнуваше во поголема брзина, на помали обртаи да додадеш туража или на угорница исто на помали обртаи. Долго време го имав проблемот и откако сменив давач(сензор, прекидач или што и да е тоа што ја уклучува прва брзина) го немав тој проблем. Лекот беше 600 денари, ама сите се мајстори и сите имаат кинески дијагностики. На специјализираната за Опел (Tech2) одма го покажа точниот дефект.
  www.malservis.mk - сѐ за твојот автомобил!

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6107
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #8977 на: 13 Октомври 2020, 15:12:07 pm »
@riki_staff ако не се лажам некаде имаше спомнато дека не ти уклучува прва брзина на вентилаторот. Јас го имав тој проблем на Опел дизел и многу често влегуваше во Limp mode  и не примаше. Откако ќе ја изгаснев/запалев, повторно си одеше нормално. Чекот ајчесто светнуваше во поголема брзина, на помали обртаи да додадеш туража или на угорница исто на помали обртаи. Долго време го имав проблемот и откако сменив давач(сензор, прекидач или што и да е тоа што ја уклучува прва брзина) го немав тој проблем. Лекот беше 600 денари, ама сите се мајстори и сите имаат кинески дијагностики. На специјализираната за Опел (Tech2) одма го покажа точниот дефект.
Да кога тестирам 1 брзина на перката не вклучува,2 вклучува,сеа незнам кај може да е тој прекидач или термостат не вклучува,иначе 1 перка е само.

Sent from my M2007J20CG using Tapatalk


Отсутен Angel Skopje

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 272
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #8978 на: 13 Октомври 2020, 15:45:32 pm »
@riki_staff ако не се лажам некаде имаше спомнато дека не ти уклучува прва брзина на вентилаторот. Јас го имав тој проблем на Опел дизел и многу често влегуваше во Limp mode  и не примаше. Откако ќе ја изгаснев/запалев, повторно си одеше нормално. Чекот ајчесто светнуваше во поголема брзина, на помали обртаи да додадеш туража или на угорница исто на помали обртаи. Долго време го имав проблемот и откако сменив давач(сензор, прекидач или што и да е тоа што ја уклучува прва брзина) го немав тој проблем. Лекот беше 600 денари, ама сите се мајстори и сите имаат кинески дијагностики. На специјализираната за Опел (Tech2) одма го покажа точниот дефект.
Да кога тестирам 1 брзина на перката не вклучува,2 вклучува,сеа незнам кај може да е тој прекидач или термостат не вклучува,иначе 1 перка е само.

Sent from my M2007J20CG using Tapatalk

на Astra H го имав истиот проблем, прекидачот беше на самиот вентилатор

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 45227
  • Il Moderatore
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #8979 на: 13 Октомври 2020, 16:00:38 pm »
Батали го симулејшн мод. Тој ти служи да си играш дома у кревет пред спиење. Реалтајм дата ти е битната работа.
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

There’s nothing better than driving a car you fixed

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6107
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #8980 на: 13 Октомври 2020, 16:20:33 pm »
Таму нема ништо,проблемот си постои со губење на силата...

Sent from my M2007J20CG using Tapatalk


Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 45227
  • Il Moderatore
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #8981 на: 13 Октомври 2020, 17:11:19 pm »
Нема ништо и во симјулешн мод. Затоа е симјулејшн мод. За да си го чепокаш мултиекусканот пред спиење.
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

There’s nothing better than driving a car you fixed

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #8982 на: 13 Октомври 2020, 17:17:39 pm »
Таму нема ништо,проблемот си постои со губење на силата...

Sent from my M2007J20CG using Tapatalk
Провери во коњушницата да не ти се измешало некое муле меѓу коњите ;D
А можеби е и до кочијашот ;D

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6107
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #8983 на: 13 Октомври 2020, 17:42:46 pm »
Да да...

Sent from my M2007J20CG using Tapatalk


Отсутен DMirceski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 205
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #8984 на: 14 Октомври 2020, 17:04:33 pm »
некој да е запознаен датум на моторно масло на паковање е производство или до тој датум има важност.
 кастрол
Good Year