Јас имав Corsa D 1.2 нешто повеќе од 5 години, направив 55.000км, од кои 95% на плин (вкупно 105.000) и немав никакви проблеми со мотор. Само редовно менување на уље, филтри и чистење клапна. Не трошеше нити антифриз нити уље, иако ја цедев во втора и трета ко ненормален по Стража и Пресека.
Се зависи од примерокот кој ќе го начекаш. Познат потенцијален проблем на моторот е дихтунг на глава, а на подвозје предни стабилизатори (2000 ден. Лемфордер и немаш главоболки).
Како градско количе е топ, за на отворено не баш.
Пластиките се тврди, но квалитетот е солиден, немаше нити едно излижано копче или оштетен дел од ентериер.
Не планирав да ја мењам во скоро време ама за жал ја слупав..