Автор Тема: Прашања и одговори.  (Прочитано 2847987 пати)

Отсутен BigBull

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 432
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #8910 на: 23 Септември 2020, 13:14:27 pm »
Дечки, на план сме да зимаме некое количе за сестра ми.
Таа се одлучи за Opel Corsa D 2007ма некаде тоа годиште, па сега ме интересира да ми споделите искуства кои мотори да ги гледаме, кои се погодени, кои имаат фалинки?
Исто така на што друго треба да се обрати внимание?
Ви благодарам

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6107
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #8911 на: 23 Септември 2020, 13:38:32 pm »
Заобиколете Корса Д,лоши пластики,бензинците таа серија ептен лоши нешто се покажаа,дизелите 1.3 90 коња избегнавање исто,1.3 со 75 коња би требало да е добар,мада не сум сигурен дали Опел ставаа двомасан замаец и во тој мотор...

Sent from my VTR-L09 using Tapatalk


Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2941
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #8912 на: 23 Септември 2020, 14:15:03 pm »
@riki_staff Не се сеќавам каде прочитав на времето кога барав Гранде (а и Корса беше опција) дека Опел на 1,3 моторот од 75 кс става двомасен замаец, додека кај Гранде со истиот мотор идеше обичен....
@BigBull Моја субјективна оценка/предлог, подобро поново и поопремено Гранде, отколку Корса, на иста платформа се двата модели, ама кога е желба Корса и тоа мора да се почитува  :)
Своерачен потпис ;)

Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4110
  • MadaFunker
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #8913 на: 23 Септември 2020, 14:41:28 pm »
И ја би одел на Гранде 1.3 МЏет со 75кс наместо Корса..
New blood of old school

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6107
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #8914 на: 23 Септември 2020, 19:33:46 pm »
Дап,грандето е подобра опција,јас прво би барал блезин 1.4 16В 95кс шестак 😁.
Потоа 1.3 дајзел со 75 кс

Sent from my VTR-L09 using Tapatalk


Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #8915 на: 23 Септември 2020, 19:57:29 pm »
Јас имав Corsa D 1.2 нешто повеќе од 5 години, направив 55.000км, од кои 95% на плин (вкупно 105.000) и немав никакви проблеми со мотор. Само редовно менување на уље, филтри и чистење клапна. Не трошеше нити антифриз нити уље, иако ја цедев во втора и трета ко ненормален по Стража и Пресека.

Се зависи од примерокот кој ќе го начекаш. Познат потенцијален проблем на моторот е дихтунг на глава, а на подвозје предни стабилизатори (2000 ден. Лемфордер и немаш главоболки).

Како градско количе е топ, за на отворено не баш.
Пластиките се тврди, но квалитетот е солиден, немаше нити едно излижано копче или оштетен дел од ентериер.

Не планирав да ја мењам во скоро време ама за жал ја слупав..

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9237
  • Пичлеме
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #8916 на: 23 Септември 2020, 20:50:34 pm »
Можеби се мисли на надворешните пластики, брзо горат од сонцето и од црни стануваат сиви. Кај сите Корси.

Отсутен BigBull

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 432
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #8917 на: 25 Септември 2020, 12:55:31 pm »
Ви благодарам на одговорите, ќе почнеме потрага па ќе видиме што ќе се земе на крај :)

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6107
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #8918 на: 25 Септември 2020, 13:52:28 pm »
Голф 😁

Sent from my VTR-L09 using Tapatalk


Отсутен Diesel

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7003
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #8919 на: 25 Септември 2020, 16:12:07 pm »
 Октавија, на кредит.

Отсутен LostParadise

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 64
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #8920 на: 26 Септември 2020, 00:18:43 am »
Кога стискам на гас колата нормално забрзува и добро ги полни обртаите, но од 2900rpm до 3300rpm се слуша чуден звук нешто измеѓу гребење и тропање. Звуков се слуша секогаш кога стискам гас и кога паѓаат обртаите во истиот интервал. Некој да сподели мислење/искуство.

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4786
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #8921 на: 28 Септември 2020, 12:44:31 pm »
Каде може да се купат амортизери за багажник/хауба во Скопје? Ми стигнаа федерчињата ама не може да се монтираат на фабричкиве амортизери, ми требаат пократки. Целта е да се отвара скроз багажникот на даљинско, фабрички не се такви јбг.



Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6107
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #8922 на: 28 Септември 2020, 12:54:38 pm »
Аутолидер?

Sent from my VTR-L09 using Tapatalk


Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11902
  • Архитект
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #8923 на: 28 Септември 2020, 13:05:07 pm »
Има амортизери секаде во продавниците за делови.
Побарај го @Prcot мислам дека можи да ти најди. Кажи му само колку мм ти треба.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8414
  • Плинаш!!!
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #8924 на: 29 Септември 2020, 00:05:35 am »
Каде може да се купат амортизери за багажник/хауба во Скопје? Ми стигнаа федерчињата ама не може да се монтираат на фабричкиве амортизери, ми требаат пократки. Целта е да се отвара скроз багажникот на даљинско, фабрички не се такви јбг.

Во техно-дел имаат амортизери за сите типови на возила за смешна цена и се доста квалитетни. Јави се прашај си.

Sent from my Redmi Note 8T using Tapatalk