Разгледувам половна инсигниа па обично сум по бензинот па се мислам за 1.8 бензин (повеќе ги има отколку 1.6) но викаат трошат 11л град 7 отворено а не идат лесно дека нема турбо. Втора опција ми е дизелот 2.0 но викаат скуп мн за одржување дека попуштал моторот после 150к. Некој мислење за дизелот ако возел нешо? Кога ке видиш колку ќе дадеш за бензин ваљда со тие пари ќе се има и за дизел дефектите.
1.8 иако со (на хартија) 140 КС, не е баш желна да се мрдне од место. Кога ќе почне да се мрда, срка гориво, ко на времето пиво пред кооперација.
„Скуп мн за одржување“ е многу, ама ептен многу релативна работа. Ние имавме земено
Инсигнија на старо, со 2.0 ЦДТИ со 131 КС и поминати ~173000. До пред да ја земеме, колата имала само редовни сервиси, а беше сменет компресорот за клима. Други проблеми до тогаш немала покажано. Откако беше кај нас, ѝ рикна еден греач, што рака на срце не е некој апокалиптичен квар за да каже човек дека моторот не чини или бил скап за одржување. Каква судбина ја снашла после тоа, не знам, пошто ја заменивме за друга Инсигнија
