Здраво дечки, нема отворено тема за следново, но не е најбитен проблем, па го пишувам тука.
После пар месеци чилање под липи во Центар, бидејќи карантин нели, ретровизорите на Алфата решија да не се собираат повеќе (навнатре нели кон прозорите). Електриката си работи, и можам да ја подесам позицијата на самото стакло, но ретровизорите во целина се заглавени/закочени во отворена положба.
Не сакам да користам сила, како што сум малер, може и цел ретровизор ќе го скршам. Има некој предлог околу ова или пак се соочил со сличен проблем? Thanks