Три контакти има на цоклето за H4, маса(-), +оборено и +долго. Мери ги сите во однос на маса (шасија) на возилото. Мери ги и на здравиот фар и на шугавиот фар, за компарација. 12.6 и 12.4v ништо не ти кажува. Се надевам на упалени долги си мерел, а не на средни
Мери и со закачени сијалички, ако е проблем на маса, помеѓу (-)жицата на цоклето и маса на возилото ќе се појави напон.
Друга работа, аблендот како стои? И на аблендирање не работи едното? Обично на абленд не се гасат оборените, но ако има проблем со маса, ќе се покаже. Ако и на абленд не работи, не верувам дека е ракетата.... Види релињата како стојат, се надевам едно реле е, не две?