Дечки, имам еден мал многу чуден проблем со 159-ката.
Имено, секогаш кога менувам бандаши летни/зимски, зимски/летни ми се случува после кратко возење да ми се разлабави предното лево тркало.
Секогаш, предно лево. Некои можеби се сеќаваат на последната „тура“ накај дојран, морав да застанам со клуч да го стегнам (погодувате) предно лево. Баш ден претходно менував зимски/летни.
Се случува со сите бандаши, и со 17-ките, и со 18-ките и со 19-ките. Веќе го очекувам проблемот и после 10-тина извозени км, го престегнувам тркалото.
Тоа ми се има случено и пред да купам момент клуч, а и сега, кога ги стегам тркалата со момент клуч. Момент клучот е нов, малку користен, прописно чуван, а и сомнежот дека е до него, го исклучувам затоа што ми се случува само на ова тркало и ми се случувало и пред да ги стегам со момент клуч.
По престегнувањето, немам проблем цела сезона. Не се случило два пати да треба да престегнувам.
Ако некој има идеја, молам за мислење, искуство, претпоставка, гатање..
Не е дека е некој биг дил, али едноставно - ремети...