Дечки, едно прашање...
Станува збор за Toyota Rav 4 2002 3dr 2.0 D4d со 116hp и поминати "180.000"км, од кои 60.000км (7 години) во наша сопственост без апсолутно никакви проблеми.
Е сега почна да прави проблем. Имено, мене ми се има случено 3-4 пати од Велес према Скопје пред Велешка патарина пред мостот, да губи снага, па од да речеме 110кмч полека да паѓа брзината. Доколку додадам гас, како уште повеќе да губи сила. Проблемот се решава со стискање кумплунг и гас до доле, при што обртаите се качуваат значително побавно отколку во нормални услови. Ова е до од прилика 3-3.500 обртаи, после што наеднаш се враќа во нормала и до 4.500 обртаи се качува како ништо да не се случило. Сето ова е пропратено со црн облак позади мене и потоа возењето продолжува како ништо да не било.
Нема чек енџин, нема ништо.
Минативе 3-4 месеци се случува ова доста почесто па затоа тргнавме да го најдеме проблемот.
Да напоменам дека возењето е 80-90% градска вожња низ Велес. 1-2-3км во правец максимум, 4 пати во денот поради двократно работно време и низ велешките ридови, прва-втора-прва па рикверц да се разминеш

Sent from my YAL-L21 using Tapatalk