Здраво на сите. Имам опел мерива 1.7cdti 2004 год.
Вчера ми засвети сијаличката за електроника на моторот и почна да трокира. Се случува само во лер. Кога ќе тргнам нема никаков проблем или не го чувствувам. При палење сите сијалички нормално се гасат и оваа засветува после 15-20 секунди. Вчера во ваква состојба возев низ град, ама сакам да тргнам на пат утре

Најдов некакво упатство на интернет, освен за проблем со електроника може да биде проблем и со филтерот за нафта (сменет пред месец дена, оттогаш сум поминал околу 1000км). 10-15 минути пред да се случи ова, на тргнување, ја прскав шофершајбната, ама едно од цревата на прскалките е откачено и свиткано надолу па се сомневам и од него да не отишло некаде по некој кабел, иако не ми се верува дека е можно такво нешто.
Освен совет за сервис... дали може да се направи поголем проблем ако тргнам на пат? Колку е паметно да пробам да ја „издувам“?