Ајде малку ум, турбината на мојата кола во потписот, почна да мрси и капи поинтензивно на катализаторот. Ја пратев некоја година, и тој дел отсекогаш беше така замастен ама сега стана посериозен дефектот.
Ја однесов во Рено сервисот во битола и ги заменија гумичките на доводот и одводот на масло од неа, и чоекот ми рече имала и мала луфта на осовината, препоставувам го отворија цревото од усисот пошто кај издувот не беше гибана. И баш тука тој дел е замастен заедно со цревото наназад едно 10-тина см. (слики)
Колата не ми троши масло, и не чади назад, ништо не лупа, не свири од тубината, тера како што си тераше претходно, меѓутоа не треба да влегува масло во комората каде што се компресира воздухот, па да не ми направи некој ден „runaway“.
Од битола до ужице да ја пуштам некако ми иди тормозење многу, па ако има спремни работилници за репарирање во скопје, кажете можно е таму да се пушти,
или да си одам до грција и си купам нова. Можеби овие новите се репарирани ама барем ја купувам и утре ја ставам на кола. Доверливи се овие марки како BTS Turbo, Meat & Doria, Nissens, Turbo rail, пошто Махле се од 600€ нагоре?
Повеќе од 250€ не ми се даваат, а половна не иди во предвид, што да се прави а да не се згреши?