Секако дека има адитиви, и е далеку подобро решение од мајсторското „оче наш“ таканаречен двотактол. Во Хубо (и по некои пумпи, некој спомна), има адитиви од програмата на Wynn`s што според мене се едни од подобрите адитиви на пазаров и општо, што може да се најдат.
Сепак, гаранции нема, може и да нема ефекти, но во секој случај нема да „одмогнат“ како што тоа може да се деси со двотактол, пошто се тестирани и нивните компоненти не содржат состојки кои може да наштетат на системите за довод на гориво и вбризгување.
Има и адитиви кои се ставаат во горивото, за подобрување на неговите карактеристики, како лубрификација, цетанска вредност, апсорбција на вода и слични ефекти.
Види го нивниот сајт и пролистај по адитивите, има нешто вакво за редовно користење:
https://www.wynns.eu/product/wynns-diesel-additive/ не сум сигурен дали го има по пумпиве и у хубо, имаше вакво и од Castrol, TDA се викаше, последен пат го имам видено на Макоил во аеродором пред 100 години.
@velestrumf, тоа е заштита на производителот од мајстори кои препорачуваат бутање на несоодветни глупости во моторот, како разреџивач у бензин и двотактол у нафта

Адитиви од реномирани производители не би требало да предизвикаат било каков проблем. Самите квалитетни горива (Shell V-Power на пример) содржат купишта адитиви во себе, кое инхибитори на влага, кое појачувачи на октанска/цетанска вредност, кое агенси за прочистување, па не штетат на моторот.