Всушност, единствена причина зошто некој мотор би имал ДМФ е само за да намали вибрации, нема врска торкот. Можеш и на 100 коња vw да ставиш дмф, можеш и на 450 коња да му ставиш СМФ(?).
Да, улогата на DMF е намалување на вибрациите, исто како што тоа го прават и пружините на ламелата, само многу подобро. DMF е многу поефикасен систем поготово кога станува збор за мотори кои имаат голем обртен момент и кои имаат големи торзиони вибрации (дизели пред се`).
Заради разни причини се поставува и на други возила со помал торк, еве примерот на
@masterficx , а и примерот со 166-ката моја која имаше DMF на 2.0 мотор со исто околу 180-тина Nm, додека пред фејслифт 166 со истиот мотор, но со 5 степен менувач имаше SMF.
Една од причините е, поради намалување на вибрациите се зголемува комфортот во кабина, друга причина, менувањето на брзини е „помазно“.