Што може да биде проблем кога колата на сабајле пали на второ верглање, вергла како да е пресисана не како да е празен акумулаторот. На второто верглање пали како да има слаб проток на гориво. Инаку колата има монтиран и плински уред. Чим запали колата си работи нормално, не тресе, не паѓа гаста. Откако ќе запали после секое наредно палење е нормално. После неколку часа пак палењето е како по сабајле, на второ верглање пали. Компјутерот не јавува грешка. Што може да биде ?
shajka , и јас имав сличен проблем на Киата , кај мене ќе запалеше од прва , па работеше 5-6 секунди ко на 2-3 клипа и самата гасеше . После тоа , од втора ќе си запалеше колата и си работеше најнормално и на бензин и на плин .
Кај мене проблемот се реши со

. Го земав од Октан во Ново лисиче , чини околу 1000 денари , и се става на 50 литри бензин .
Откако го ставив , префрлив на бензин и ја извозев до патарина и назад ( ~50 км ) на повисоки обртаи . Утредента запали од прва и еве после месец дена си пали без проблем . На бензин продолжив да ја возам 250-300 км , и после си терав на плин .