Утре планирам да го носам Голфот 4-ка 1.9 тди 90кс на редовен сервис, после 2 години и околу 10 000 поминати км. Фала богу досега не можам да се пожалам. Потрошувачката си е околу 6-6.5 просек (отворено/градска). Моторот си работи одлично, без промена на звукот, шо би рекле работи како саат. Ќе менувам масло секако, е сега да прашам кои филтри е задолжително или пожелно да се сменат? Дали тоа оди заедно со менувањето на маслото или пак зависи од самиот филтер. Минатиот пат пред 2 години мислам дека беше сменет воздушен и маслен филтер. Други работи што сакам да ги проверам се мењачот (грчи некогаш кога сакам да го ставам побрзо во прва), кочниците, да се провери на компјутер да не има нешто итн...нешто друго да препорачате што е пожелно да се провери додека одам на мајстор?