Автор Тема: Прашања и одговори.  (Прочитано 1916726 пати)

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7794
  • Плинаш!!!
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #6195 на: 26 Април 2018, 10:33:21 am »
Антифриз зелен/плав се менува на 2 год. а црвен на 4год.

Sent from my MI 4S using Tapatalk


Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20632
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #6196 на: 26 Април 2018, 10:44:51 am »
Антифриз зелен/плав се менува на 2 год. а црвен на 4год.

Sent from my MI 4S using Tapatalk

Зошто? Што е разликата?
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6445
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #6197 на: 26 Април 2018, 10:49:08 am »
Кај понови коли антифриз воопшто не се ни менува, можеби после 10 години или па ако некој проблем не излезе порано.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10405
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #6198 на: 26 Април 2018, 11:31:28 am »
На самата паковка пишува за толку и толку години да се смени, па натака не знам, ама имам видено глицерин што е направен како топчиња ситни прозирни и еластични, како изрендан силикон.  Е сега од што биле не можам да тврдам. Хемија кец со врски имав :) (така е збоот де )

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6445
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #6199 на: 26 Април 2018, 11:36:27 am »
Глицерин од друга страна се менува на секои 2-3 години или 60.000 км. А нешто што многу не се замараат во сервиси.

Присутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5461
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #6200 на: 26 Април 2018, 11:41:51 am »
Јас не се сеќавам да ми имаат менато еве скоро шеста година,  лани ми дотурија многу малце и рекоја дека бил во ред 52000 имам поминати
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7794
  • Плинаш!!!
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #6201 на: 26 Април 2018, 12:13:57 pm »
Антифриз зелен/плав се менува на 2 год. а црвен на 4год.

Sent from my MI 4S using Tapatalk

Зошто? Што е разликата?
Претпставувам затоа што едниот е чист а другиот разреден. Инаку на секој антрифиз пишува на кутијата на колку време се менува. А причината поради која се менува е тоа што антифризот по извесно време станува "кисел" и почнува да нагризува црева, дихтунзи, семеринзи и др.

Sent from my MI 4S using Tapatalk


Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5006
  • The Spartan General
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #6202 на: 26 Април 2018, 12:38:56 pm »
Глицеринот е хигроскопски и со тек на време собира вода од влагата и се менува на две-три години со редовен сервиски интервал.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10405
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #6203 на: 26 Април 2018, 12:43:31 pm »
Има едно како пенкалце кажува до кај е глицеринот

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6601
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #6204 на: 26 Април 2018, 12:44:43 pm »
Антифриз зелен/плав се менува на 2 год. а црвен на 4год.

Sent from my MI 4S using Tapatalk

Зошто? Што е разликата?
Претпставувам затоа што едниот е чист а другиот разреден. Инаку на секој антрифиз пишува на кутијата на колку време се менува. А причината поради која се менува е тоа што антифризот по извесно време станува "кисел" и почнува да нагризува црева, дихтунзи, семеринзи и др.

Sent from my MI 4S using Tapatalk



Грешно разбираш. И плав и зелен и црвен има што се разредуваат. Сме ставале и плав и моментално црвен, и двата биле за разредување.
Разликата е во тоа што самиот производител на антифризот става во него компоненти со кои може да му се продолжи неговиот век, односно да биде long life. Секој производител си декларира за својот производ (антифриз) колку може да трае.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3862
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #6205 на: 26 Април 2018, 13:13:56 pm »
Бојата првенствено се користи како механизам за информирање да не измешаш течности кои можат да направат беља. Бојата не значи дека е вистинскиот избор на тип на течност за ладење, ниту дали се менува и на колку.

Отсутен Ѓорѓи

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1351
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #6206 на: 26 Април 2018, 18:43:34 pm »
http://www.chevspark.net/rear_window_wiper_washer-119.html

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Најверотно како и кај повеќето, првото вртење на крајот од ракетата е за пуштање на задниот брисач и уште едно вртење со задржување ќе го активира прскачот.
фала ти, имам пробано со вртење се пушта задна магленка, кој го измисли тоа чудо коа немам предни не знам, се пушта со притискање на рачката напред кога веќе е пуштен задниот бришач
« Последно менување: 26 Април 2018, 20:19:53 pm Ѓорѓи »

Отсутен darkomic

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 382
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #6207 на: 26 Април 2018, 20:03:02 pm »
http://www.chevspark.net/rear_window_wiper_washer-119.html

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Најверотно како и кај повеќето, првото вртење на крајот од ракетата е за пуштање на задниот брисач и уште едно вртење со задржување ќе го активира прскачот.
фала ти, пробав со вртење се пушта задна магленка, кој го измисли тоа чудо коа немам предни не знам, се пушта со притискање на рачката напред кога веќе е пуштен задниот бришач
Тоа чудо е измислено за некој да не те плесне отпозади во магла.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43648
  • Il Moderatore
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #6208 на: 26 Април 2018, 21:11:42 pm »
Задна магленка ако не се лажам е законска (хомологациска) обрвска од поодамна.

Цитат
Rear fog lights are obligatory on a vehicle first used on or after 01.04.86. They must be red in colour and must not cause undue dazzle or discomfort, must not be lit whilst vehicle is parked nor to be used except in seriously reduced visibility.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен darkomic

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 382
Одг: Прашања и одговори.
« Одговори #6209 на: 26 Април 2018, 21:18:40 pm »
Задна магленка ако не се лажам е законска (хомологациска) обрвска од поодамна.

Цитат
Rear fog lights are obligatory on a vehicle first used on or after 01.04.86. They must be red in colour and must not cause undue dazzle or discomfort, must not be lit whilst vehicle is parked nor to be used except in seriously reduced visibility.
Во најмала рака од 1997 затоа што јас првпат ја сретнав на нашето Југо Темпо кое беше тогаш произведено.