Можно е да ти пушта плин (под претпоставка дека претходно имаш доста плин во боцата). Втора претпоставка ако веке имаш плин во боца а на распллињача не слушаш дека испарува кога го притискаш тоа дугме е дека некој од вентилите, дали тој на боца или тој пред расплињача те зеза, не работи.
Земете пополека отворете ги, во нив има федерчиња, можно е да има насобрано губре. И тој вентил што е пред расплињача напред има филтер во него да знаеш.
И кажи ми дали кога ке успеете да ја наштелувате, ако ја изгасите, а потоа само ја оставите на контакт, дали од расплињачата се слуша испарување на плин (без ништо друго да притискаш) ? Ако да, ондак скината е некоја од мембраните.
Исто така и тастерот во кабината, дали светат сијаличките ? Дали можете на бензин да ја префрлите и да работи нормално ? Чисто да го отргнеме тастерот како една од можните причини за недоагањето плин до расплињача.
И најважно при штелување на вакуумски плински уред, секогаш да имате најмалку 15 литри плин во боца (што повеке, односно и цела боца да е, битно да има поголема количина плин). Затоа што ако имате испод 6-7 литри плин во боцата џабе го штелувате. Тој работи на принцип како плинско за кафе, кога му ставаш нова боца само малку пушташ и плинското гори како лудо. Кога ке дојде на крај боцата, пламенот е намален, па ако сакаш и 15 круга одврти го, не се појачува пламенот.
Така е и со ваквите вакуумски плински уреди, кога ги трошите последните литри плин силата е доста намалена него кога имате полна боца плин.