Барав некоја тема слична ама сите се од поодамна...
Mitsubishi ASX 2016, бензинец и можеби на некој ќе му звучи смешно ама имам проблем со централното заклучување на колата -
и тоа исклучиво кога е топло време

( значи мај- октомври период).
Имено : по кратко возење на мали дистанци централно не можам да ја заклучам колата. Мора да се почека некои 20на минути , за да ја запалам пак и по тоа без никаков проблем да ја заклучам. Како да се чека да се олади.
Кога не се заклучува, ги заклучувам сите врати од внатре а возачката врата мануелно (клуч во брава).
Колата немала никаков дефект до сега, прв сопственик ( од салон) и се надевам дека ќе се реши проблемот овој период.
Повторно да спомнам, ова се случува само кога е топло времето.
Зимно време нема баш никаков проблем, си функционира идеално заклучувањето.
Моја претпоставка е дека или некој сензор зафркава или некое реле прави проблем.
Бев кај клучар, вика не е за мене ова....
Во Мак Ауто Стар бев минатото лето кога и се појави проблемот, со тие од продажба правев муабет ( редовен сервис правев) и ми изгледаа како поим да немаат за што им зборам.
Ниту шефот на сервис ( да не спомнувам имиња) беше нешто заинтересиран , мислам дека не знаат што е маката..
Чаре ?