Имам во поблиска фамилија Опел Астра Х 1.4 бензин/плин со позната историја бидејќи е одржувана во официјален сервис и возена од еден човек, но колава јави чуден проблем. Еден цилиндар од 4 не работи, не секогаш е истиот цилиндар, но последно време најмногу прави проблеми на еден ист. На колата е сменето свеќици, бобина, дизни, носена на неколку официјални и неофицијални мајстори и никој не знае да го најде проблемот. Кога работи дава check engine и фрла грешка cylinder misfire. Низ ауспух исфрла несогорено гориво и бел дим.
Некој од тука да не имал сличен проблем со овој мотор?