Не најдов посоодветна тема, па затоа тука за проблемов со вентилацијата, ако е проблем воопшто. Се работи за VW Golf Sportsvan 2019та, можеби и кај други со таа генерација VW возила е исто. Претходно, кога ќе пуштев вентилација/клима, сеедно, без да подесам каде да дува, те да дува секаде, дури и на прва цртка на нивото на дување, дуваше и од централните отвори, те тие од лево и десно на екранот. Приметив дали беше после последниот или претпоследниот сервис, дека не дува. Од страничните, тие позади, према шофершајбната си дува, ама од овие централните не. Пуштено и на макс, да не речам ич, ама скоро и да не дува. Ако ставам да дува напред, те накај возач/совозач тогаш си дува и низ тие отвори.
Дали е можно ова да е променето со некој апдејт на софтверот, пошто мислам дека на секој сервис прават апдејти (ако има)? Или можеби се некои подесувања? Ама барав низ сетинзите, менував, пробував, не најдов такво нешто. Приметил некој исто ваква ситуација на својот VW?
Од нет е сликава (океј, десниот е затворен, занемарете тоа) , али тие се отворите и баш вака кога е подесено и со A/C и без е исто.
