Сега засега ништо од тоа, возена, проверена на лаптоп и во возење, мапата проверена, префрлање од бензин на плин во возење, во стоење, и обратно. Само навечер и кога е ладно тоа се случува. Провери и расплињача и црева и сѐ. Другари сме и знае како ми е одржувана. Останува уште вечер да му ја оставам во гаража заклучена и рано наутро да ја пробаме заедно, јас да возам на начин кој си возам, а тој на лаптоп параметри да гледа. Последниве 4 дена ми се нема случено тоа, затоа бараме момент кога ќе може да гледа параметри на лаптоп и да знае до што е. Ја возев на бензин пред некој ден до работа, исто си влече како на плин, нема такво сецкање/трокирање, пад на вртежи при возење со втора на ниски вртежи(при измачување) и стискање кумплунг, а нема ни гаснење. Свеќици нови пред 10.000км, филтри за плин сменети пред 6000, расплињача репарирана пред 2000, мал сервис пред 4000, клапната ја чистев кога правев мал сервис и така натака. Да се надеваме дека утре ќе бидат пониски температурите и ќе изгасне.