Автор Тема: Југце 45ка  (Прочитано 62637 пати)

Отсутен marmlad

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4219
Одг: Југце 45ка
« Одговори #345 на: 26 Март 2018, 17:19:39 pm »
Читам 2 работи кои ти се сосема погрешни.
1. Никако кратена спирала на кола со потежок мотор напред и дупло снага од фабричката, особено у лименка како југо без роллбар.
2. Добошите кај СЕКОЈА кола особено кај ветрушка како југо, не вршат ни 10% од кочењето. Батали позади, остави ги добоши, обнови ги комплет (клипчиња, 3ти цилиндар, нови добоши и пакнови, федери, сајли итн..), доволно е за позади. Напред стави си вентилирачки дискови од што и да пасува и ќе немаш гајле.
SAFETY FIRST  :)

Отсутен stapmkd

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 765
Одг: Југце 45ка
« Одговори #346 на: 26 Март 2018, 18:19:00 pm »


(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)



За ова мислев...
ти се чини така дека брусејки го варот, знаеше да фати и кај што нема вар и ја симна бојата, педантно беше изварено, не беше рашљакано(ако на тоа мислеше), тоа дека брусалицата на страна фати па симната е боја, дури мислам и слика дека има пред да се бруси, дури немаше потреба и да се вари горе мислам дека, ама за недајбоже се извари

Читам 2 работи кои ти се сосема погрешни.
1. Никако кратена спирала на кола со потежок мотор напред и дупло снага од фабричката, особено у лименка како југо без роллбар.
2. Добошите кај СЕКОЈА кола особено кај ветрушка како југо, не вршат ни 10% од кочењето. Батали позади, остави ги добоши, обнови ги комплет (клипчиња, 3ти цилиндар, нови добоши и пакнови, федери, сајли итн..), доволно е за позади. Напред стави си вентилирачки дискови од што и да пасува и ќе немаш гајле.
SAFETY FIRST  :)

секој совет од искусни е добредојден, примено ќе се пази на овие два моменти, за кочниците ќе видиме, на аки позади му е на добоши(дури се зачудив малце коа видов, али одпосле ми текна дека главниот акцент на кочење е напред, не е како кај поновиве коли распределба на кочиона снага напред-назад), ќе видиме, дискови се ќар у безбедност мислам дека, мада и со добошите нема да има некоја загуба, има време за мозгање за безбедност додека да се стави моторот и првте 1500 километри после него, пошто нели нема да се форсира до прв сервис(пошто моторот ќе биде отворен и среден), така да кочници се први на ту ду листа после мотоот па тек после спуштањето, пардон санките и струтовите се пред кочниците во тие први 1500 километри хахаха.

Отсутен darko mk5

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3600
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,7477.0.html
Одг: Југце 45ка
« Одговори #347 на: 27 Март 2018, 10:48:46 am »
kako toa nema raspredelba na kociona snaga? duri i na dobos imas raspredelba na snaga samo sto diskot verojatno pobrzo kje te zakoci. e sea kje ti treba ventil ili kompenzatori ali ako vise stavas vakov motor moja sugestija ti e da ne spies na toa uvo deka na aki bilo na dobosi.

______________________________________
Code: MK1 Project: http://forum.carclub.mk/index.php/topic,10578.0.html

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Југце 45ка
« Одговори #348 на: 27 Март 2018, 11:58:04 am »
Safety first дете не се зезај.

Ти кажав ефтина проверена варијанта.

Како кочи Југо од 100 се сеќаваш? Никако...

Епа со ваков мотор тие 100 ќе ги кренеш релативно брзо, и сеа замисли се да треба да прикочиш веднаш.

За релативно мала инвестиција ќе си безбеден (колку толку).


Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3478
Одг: Југце 45ка
« Одговори #349 на: 27 Март 2018, 12:21:47 pm »
Прво се прават кочници па после мотор се става, тоа за 1.1 мотор со 45kW со серво пумпа катастрофа кочници има, а не па со дупло поголема снага.

Отсутен stapmkd

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 765
Одг: Југце 45ка
« Одговори #350 на: 27 Март 2018, 12:30:49 pm »
Океј тогаш идат дискови напред, дискови назад, и серво пумпа напред под хауба, е сега прашањето ми е поискусните да кажат, дали одговараат само од уно турбо позади, напред што шапи да барам, дали ќе одговараат на фабричкото лежиште, дали ќе треба да се мењаат црева и слично, како е цела процедура ако може некој да објасни и што све се мења, пошто пробав да изгуглам и скоро и ништо да не најдов како е процедура за свап, а може и не знам да гуглам хаха

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Југце 45ка
« Одговори #351 на: 27 Март 2018, 13:24:33 pm »
Види јас знам дека ставаат од Алфа 155 напред комплет, дискови, шепи. За назад, искрено не знам баш најдобро, само знам дека треба да има соодветно подесување на сила на кочење.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3478
Одг: Југце 45ка
« Одговори #352 на: 27 Март 2018, 13:50:23 pm »
Наједноставна смена е комплет систем за кочење од уно турбо, не можеш позади било какви дискови да ставиш, мора да имаат и за рачна. Е сега имаш еден поголем проблем од тоа да напасираш се, а тоа е да најдеш комплет систем од уно турбо.

Отсутен darko mk5

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3600
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,7477.0.html

______________________________________
Code: MK1 Project: http://forum.carclub.mk/index.php/topic,10578.0.html

Отсутен marmlad

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4219
Одг: Југце 45ка
« Одговори #354 на: 27 Март 2018, 16:45:40 pm »
Не ме разбравте очигледно. На таа маса од 200кг на задна оска, НЕ СЕ ПОТРЕБНИ дискови. Да не биде обратна ситуацијата, да имаш премногу кочење позади па колата да прави кругови на кочење.
Кој ви е тој аки, ставил 1.6 мотор (косилица), отишол на Нирбургрин, И? Големо чудо направил?  Ако веќе се консултирате со некого, најдете си луѓе со искуство, јебал вас аки со југото смешно. Има еден куп тркачи со спремни југовци со по 150-200кс на инки, па си тераат со добоши.

Отсутен darko mk5

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3600
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,7477.0.html
Одг: Југце 45ка
« Одговори #355 на: 27 Март 2018, 16:51:21 pm »
@marmlad znaci site nie so kosilicite sto sme staile diskovi pozadi sme maloumni?




______________________________________
Code: MK1 Project: http://forum.carclub.mk/index.php/topic,10578.0.html

Отсутен marmlad

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4219
Одг: Југце 45ка
« Одговори #356 на: 27 Март 2018, 17:09:07 pm »
Мешаш баби и жаби. Муабетот за косилицата е дека типот не направил свемирски брод, светско чудо, па да го величате ко Исус.
Преувеличувате ликови како Аки кои ништо не направиле, освен лиамрија, бандаж и карта за влез на Нирбургринг. Во Македонија има многу поискусни од него (Ване, Орхан, Крсте, Симе итн), може слободно да се консултирате за оваа работа. Напоменете за што ауто, и мтоор се работи, па ќе ви кажат дека задни дискови воопшто не е приоритетна работа, осбоено не кога предлогот доаѓа од сопственикот на колава каде што во иста реченица спомнува кратење УШТЕ НЕКОЈ КРУГ на предни спирали и ставање на дискови позади... Нешто како комбинација од хероин и смути за здрав живот.

Отсутен stapmkd

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 765
Одг: Југце 45ка
« Одговори #357 на: 27 Март 2018, 20:06:17 pm »
Значи никој не кажа дека направил свемирски брод или слично, муабетот беше дека на 1.6 со 135 коња ако го брка у германија 185 и го кочи нормално како што треба дали има потреба од заебанција со дискови преправки и чуда или само да се средат и унапредат малце добошите и да ја бркаат "скоро" викам скоро истата работа. Башка што е заебанција да се најде уно турбо растурено у србија не па ли кај нас, плус не го спремам ни за трки ни да го пукам по обиколница или слично, го спремам за 3-4 месеца у годината еднаш неделно да се издувам и кеифот да си го напраам, нит трак деј ќе праам нит ќе се тркам и остало.

Еве како е средено кај него кочиониот состав за да нема забуни од типот косилици спејсшатли итд. :

Kočnice:

– Prednje kočnice Uno Turbo 240mm samoventilirajuće sa Brembo bušenim diskovima + Ferodo DS Performance pločice

– Standardni doboši nazad

– 4x teflonska pancirna creva + custom regulator kočenja i novi tip servo i kočionog uređaja









Еве линк и од страната у врска со целиот проект околу југото за тие што ги интересира, а и за понатамошни дискусии да нема забуни хаха

http://prijemnoodeljenje.com/page/3/

Отсутен GTI16V

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
  • It ain't GTI if it's not 16V
Одг: Југце 45ка
« Одговори #358 на: 27 Март 2018, 20:32:40 pm »
@stapmkd по мое искуство панцир црева не ти требаат освен ако не планираш да го тркаш југото, панцир црева се најкорисни кога возиш на патека и имаш константно кочење и забрзување и времето да оладат кочниците не е доволно па се загрева глицеринот. Во таков случај се користат панцир црева за да не добиеш чуство на педалата за кочница како сунгер да е бидејки обичните тогаш се шират. Така да јас само би ти препорачал ако не ти е за трка да не фрлаш 100 и кусур евра за такви црева.

Ако одиш на опција за задни дискови тогаш петти цилиндар ќе ти треба за прераспределба на кочионата моќ бидејќи не сакаш да те фрли некаде на кочење, во твојов случај 70:30 би требало да е добар сооднос со оглед на тоа дека југото е мн лесно назад.

Би се согласил со @darko mk5 за дискови назад само од перспектива на ефикасност, дискови назад ќе има подобро ладење и ќе бидеш посигурен дека нема да прегреат па да те зезне на константно кочење, затоа и дршви вода муабетот на @marmlad дека добошите назад се доволни да те запре но зависи од тоа како и за што сакаш да ја користиш колата.

Напред ќе најдеш лесно од Алфа или пак од Уно Турбо, не сум местел незнам колку преправки има но се е изводливо, само гледај шепите и дисковите да ти одговараат на бандажите нели.

Пред се памет у глава, овде нема електроники и може некоја страна да закочи прво па да те завлече, затоа возбудата и адреналинот се големи кога ги возиме коливе. Среќно со работата и ако имаш пиво у гаража викај некогаш гужва да ти направиме :D

Отсутен stapmkd

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 765
Одг: Југце 45ка
« Одговори #359 на: 27 Март 2018, 20:46:01 pm »
Па најверојатно и ќе се иде првично напред со дискови од уно турбо/алфа а позади ќе се репарираат добошите односно внатре све ново ќе се тури, па за понатаму ќе се мозга задниот дел(односно муабетот на мармалад), пошто и онака на почеток со стандард фабричка снага ќе се вози моторот(знам дека и во овој случај е небо и земја со фабричкиот 55), што се однесува до пиво и гужва у гаража бујрум, највише пиво ќе има периодот кочниците коа ќе се праат хахаха

иначе коа сме више кај безбедноста, на некоја ваква идеа сум, па повелете мислења предности, мани, чини, нечини, има потреба нема потреба