Денес доцна попладне пред зајдисонце, после еден куп нервози од секојдневните активности, ми заѕвоне поштарот на врата и ми донесе 4 кутии.
Бидејќи секоја радост споделена со другарите е дупла радост, еве да споделам и со вас.
Тазе од Германија, спакувани како киндер јајце со сите салтанати. Multi Spoke Ford RS wheels 16"x6.5
Во наредните денови ќе бидам во потрага по пневматици. Бидејќи патиштата ни се во очајна состојба и колата е 90% возена низ Скопје, 10% на отворен пат, се одлучив да ставам 195/50 R16 пневматици наместо 195/45 R16 заради малку подобар комфор превенствено.
Во прилог се неколку слики од бандажите, кога ќе ги намонтирам на кола ќе закачам повеќе слики.