Автор Тема: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010  (Прочитано 77235 пати)

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #150 на: 16 Февруари 2015, 22:53:37 pm »
Гледав Superturismo GT во една перална/вулканизер во Охрид.

Оп, им ја најдов и страната. ;D

https://www.facebook.com/avtologistika.mk


Види прашај си.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3258
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #151 на: 18 Февруари 2015, 14:50:42 pm »
Вчера направив тест возење на отворен пат.

При брзина од 110km/h и некои 2200-2500 вртежи во кабината е исклучително тивко. Единствениот звук што малку се слуша е од моторот кој е доста придушен и неприметлив на оваа брзина, и струењето на воздухот кај горните рабови од ветробранското стакло. Звукот од пневматиците го нема. Не допира до кабина.

Чувството е доста пријатно, и немаш воопшто впечаток дека се возилото се движи со 110km/h.

На 140km/h се слуша моторот значително повеќе од 110km/h бидејќи врти околу 3500 вртежи. Звукот е нормален, не е неподнослив и лесно се покрива со пуштено радио или цд. Звукот од струењето од воздухот незначително се промени односно беше ист како и на 110km/h. Звукот од пневматиците се појавува, но е многу тап и тивок.

Чувството е повторно пријатно, и не чувствуваш амбиент на бука што на подолг пат би те изморила.

На 160km/h веќе почнува да се чувствува значително звукот на моторот бидејќи врти околу 4500 вртежи. Струењето е погласно, звукот од пневматиците е повторно занемарливо тивок.

На 180km/h звукот од моторот е апла присутен во кабина, стуруењето исто така е погласно од звукот на радиото, пневматиците не ги приметувам затоа што другите два звука се по гласни од нив. Но сигурен сум дека и тие шуштат малку повеќе.

На ca.200km/h (ова е со ептен напор постигнато) моторот врти со 5500-6000 вртежи. Ништо не се слушаше, тишина беше бидејќи бев фокусиран да не се залепам у некоја банкина, затоа што имаше страшен бочен ветар и управливоста не беше баш фантастична. Се зафркавам. Инаку на оваа брзина не беше баш пријатно седењето во возилото бидејќи бучавата не беше воопшто нормална за секојдневна употреба :)))))

Заклучок. Звучната изолација допринесе возилото да има апсолутно пријатно тивок и пријатен амбиент на брзини до 140km/h. Изолацијата комплетно ги голта звуците од пневматиците и лонецот од издувот во задион дел, струењето на воздухот под возилото и странично не се чувствуваат како претходно. Со други зборови кажано, звукот што колата го даваше при 90km/h сега го има при 140km/h. Значи за иста бука идеш 50km/h побргу.


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #152 на: 18 Февруари 2015, 14:55:42 pm »
Секој чест. Браво!

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11742
  • Архитект
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #153 на: 18 Февруари 2015, 22:25:23 pm »
Одлично сработено. Томе си го има фатот.

Него ова со 200км/ч.....................  ;D ;D ;D ;D

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3258
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #154 на: 18 Февруари 2015, 22:51:15 pm »
Одлично сработено. Томе си го има фатот.

Него ова со 200км/ч.....................  ;D ;D ;D ;D


Реков дека се потрудив. Не е нешто што секој ден со Фиестава можеш да го постигнеш. Удолница, поволен ветар во грб и малку техника на возење и тоа е тоа. 170 е врвот на оваа кола на рамен пат. Се што е над не е препорачливо.

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #155 на: 18 Февруари 2015, 23:15:56 pm »
При брзина од 110km/h и некои 2200-2500 вртежи
Сигурен си?  :)

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9194
  • Аstra la vista baby !
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #156 на: 18 Февруари 2015, 23:30:43 pm »
Кец на десетка ;D
16“ 4х108
http://reklama5.mk/AdDetails?ad=1521467





Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3258
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #157 на: 18 Февруари 2015, 23:33:37 pm »
Знам ги видов. Чекам да се раздени за да му се јавам. Малку се исчукани ама ќе видиме што цена ќе им бара.

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9194
  • Аstra la vista baby !
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #158 на: 18 Февруари 2015, 23:48:18 pm »
Ништо страшно ;)

Имаш и нешто вакво од TSW:

http://reklama5.mk/AdDetails?ad=1521201

Отсутен Anton

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 825
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #159 на: 19 Февруари 2015, 08:58:04 am »
Aaa pokraj yoa testot so vodata, slucajno da ne napravi i nekoj test na ogin kako reagira izolacijava?
Jay Leno: Racecar driving is like sex. All men think they are good at it but...

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3258
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #160 на: 19 Февруари 2015, 09:12:45 am »
Aaa pokraj yoa testot so vodata, slucajno da ne napravi i nekoj test na ogin kako reagira izolacijava?


Ако ја држиш на отворен огин (бренер, упаљач) се топи ама не се пали во смисла да одржува огин и да изгори сама од себе. Значи ако ја ставиш во огин ќе се стопи, ама не поттикнува горење и отворен пламен, затоа што се гаси сама од себе.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #161 на: 19 Февруари 2015, 09:34:08 am »
Одлично споделени информации околу изолацијата.
Да не беше на оваа намената за изолација за цевки, корозија и кондензација, односно да беше по правило  Armasound разликата ке беше драстично поразлична.
:)
Инаку во комбинација со Armasound се постигнува топлинска и звучна, баш онака како што препорачуваат производителите.

Цитат
ACOUSTIC PROPERTIES

Traditional elastomeric insulation materials cannot adequately meet high acoustic requirements.Thanks to intensive research, Armacell - in cooperation with the University of Bradford (UK) -  has been able to develop a material with outstanding noise absorption properties across the entire frequency range relevant for building acoustics. Combined with Armaflex insulation and an Arma-Chek covering ArmaSound provides the desired noise control- What`s more, ArmaSound Industrial Systems also protect installations against condensation and moisture penetration. In comparison to traditional insulation constructions, the Armacell solution meets the target requirements with significantly thinner insulation thicknesses and offers superior performance at lower total installed cost.

Извор:
http://corporate.armacell.com/en/about-armacell/our-stories/our-innovative-technologies-drive-superior-performance/

Инаку во принцип за намалување на буката во кабината е потребно ова:
http://www.armacell.com/WWW/armacell/INETArmacell.nsf/standard/236868AB7412C562C125781C005E027A

Разликата ако кај тебе во овој случај била со 50 км на час, претпоставувам дека со оваа изолација ке има разлика во 100км на час. :)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3258
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #162 на: 19 Февруари 2015, 14:31:45 pm »
Ете бидна и тоа.

Бев кај Дандо и Бушав на перење и ми дадоа налепница carclub.mk

Одма друга е колата. Вака од око, едно 10 коња ми качи. Фуче.


Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #163 на: 19 Февруари 2015, 14:40:26 pm »
Мининун 10 коња качуе налепницата... Зависи дали е турбаш или не, какво гориво си турил итн итн...

Some say, дека големите налепници што (најчесто) идат на задно стакло, качуваат и до 35 КС + 65 Нм у перформанси...
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29673
    • CARclub.mk
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #164 на: 19 Февруари 2015, 14:47:33 pm »
Одма е друго.. На здравје налепничосуење! :D