Не можам да и се изнагледам на коленицава, ќе мора да го пробам рецептот, има некоја посебна цака освен зачин/вино итн ? 
Можи бе, како не можи.
Првен правиш маринада и ги чуваш така мин 1 ден. Од време на време ги потурваш со маринадата.
За 2 кила месо:
- 4 супени лажици вино
- 4 супени лажици масло
- 1 супена лажица бибер
- 1 супена лажица буковец
- магдонос
- босилек
по избор лук и кромид
После тоа ги ставаш во тавче и внатре...
за 1кг месо
- 1 чаша вода
- 1 чаша вино
- 1 чаша доматен сок
- пола чаша маслиново масло
Печиш 3 сати на 180 степени покриени со алу. фолија
Уште 1 саат на 200 степени откриени.
Црвено вино по избор.