Не е битно како се хранети кокошките и колку е јак петелот, јајцата имаат магична моќ да развијат салмонела ако не се УВ третирани.
Домашна ракија е супер, ама ако ја погреши комши перо, па ја напраи метиљава, може незгодно да биде.
Поголеми се шансите да се заебеш од нешто „домашно и природно“, отколку од индустриски контролирано.
Не дека нема да им „викнам“ и ја, ризик не ризик, јебеш му матер, вкусно е, ама for the facts sake, од домашно и природно полесно може да се сјебеш.
Не е дека не се сложувам но не и комплетно дека се сложувам.
Прашање, јајцата можат да развијат Солмонела додека не се скршат или развиваат од кога ќе се скршат, недоволно зготват во некои слатки или слично? Ова сериозно, не сум толку стручен за да знам.
Ракијата не мора да е згрешена за да се затруеш.
Моите не го вадат метил алкохолот (мислам се викаше) во процесот на варење на ракијата, едноставно на 52 степена ја вади. Ракијата си е тип топ, сум ја претерал безброј пати. До душа не познавам поинаков начин на правење ракија (има препечување) а сакам да кажам дека не гледам како некој би ја згрешил ракијата, треба ептен да си тапанерија во кој случај и нема што да бараш на казанот. Не е па дека тука сум многу стручен, кажувам што ме нашло во животен пат.