Темава хоумпејџ иде. Кој иде накај Гостивар, да го упатам до една пицерија што прави „соленки“. Тоа е специјалитет кој го има само кај нив и во Дојран, во пицерија што ја држат гостиварци.
Се состои од тесто за пица, специјален кашкавал кој во себе има кечап, сусам, магдонос и многу пропратни зачини. Иако ми е слошено од соленките, скоро секој втор ден ги јадам зашто имаат ненормално добар вкус.
Цена? Скромни 90 денари за тесто големо колку голема пица.