Да. Многу, многу пати. Храната е вкусна, свежо сервирана, услугата беспрекорна, се е на ниво. Е сега, кога и да поминеш во Воденица нема да зажалиш за јадењето и услугата но во овој период од годината ќе седиш внатре во ресторанот. На пролет и лето се седи надвор, покрај тебе тече река, опкружен си со природа, чист воздух, преубаво.
Единствена негативна работа за која што дечките од Воденица не се виновни е патот кој води до таму. Иако го асфалтираа пред некоја година има свлечиште на земја на едно место, катастрофа тешка.Не го санираат од причина што дел од населението имаат некои нерешени имотно правни односи меѓу нив или со општината, некој банален проблем, но во секој случај се поминува со кола но само со многу пазење. Исто така кога ќе свртиш десно од главната улица во Паланка према Воденица (на 3км оддалеченост) патот не е многу широк, две коли едвај некако се разминуваат плус направен е швајцарско сирење. Особено ќе пазиш од Гимназијата па нагоре, штом ќе го поминеш вториот лежечки милиционер. На едно место има решетка и ако поминеш во втора ќе ти отиде предница. Пази и без брзање. Не сум бил натака скоро а знам дека ги крпеа дупките баш кај гимназијата па може закрпиле и некоја дупка нагоре према Воденица, како и да е внимателно само. Кај ресторанот има паркинг. Ако те интересира уште нешто прашај слободно.