Вчера бев во "Куќата на уметноста" - село Кнежино, Кичевско. Покрај убаво среденото дворче, чистиот воздух и пријатната атмосфера, храната ми се допадна многу. До местото води новоасфалтиран шумски пат, релативно прегледен по кој од "кичевска магистрала" се стига до комплексот за 10тина минути.
Нарачавме 200 гр. печени печурчиња и 200 гр. овчо сирење како предјадење за со узото, и големи шарски плескавици комбинирани со 0.5 Даб. Јадењето како што кажав беше убаво и вкусно зготвено и зачудувачки ефтино.
Тројца најадени и напиени со работите набројани погоре плативме 990 денари без пресметан бакшиш.