Сеа да ви кажам рецепт, пошто е сезона. Кога ќе се исушат црвени лути пиперки на низа, ќе ги искинете на парченца, али парченцата да се прилично рамни и неизвиткани. Во тафче со малце повечко маслиново зејтинче убаво ќе го загреете зејтинот, ама да не претерате зошто не смее да се претера. Ќе ги ставите парченцата пиперки на 30 секунди само и ќе ги извадите.
Се добива најдобриот лут чипс од пиперки што можете да си го замислите. ПОРНО!